fbpx
22.8 C
Skopje

26 годишна девојка од Охрид сведочи за НМД: Преспав во манастирот Острог и чудотворно се излекував!

АКТУЕЛНО

Почитувани НМД. Ја прочитав статијата за Бигорски, па и јас сакам да го споделам моето искуство.

Имам 26. Години, две години бев болна од анемија и 23 години од Ангина Пекторис. Имав секојдневни “падавици”, дури три пати ме враќаа од мтртви. Кога кренав раце од себе, сонив сон дека треба да отидам во манастирот Острог и да се напијам од лековитата вода.

За нецели две недели од тој ден она 20 октомври минатата година, тидов на Острог. Се случија неколку чудесни работи за кои мислев дека сонувам. Кога се искачував по скалите накај манастирот, едвај издржував. Ми се чинеше дека ќе испуштам душа.

Потоа дознав дека тоа му се случувало скоро на секого, кој имал мака. Се помолив и си реков во себеси: – Господи, дај ми сила да издржам, оти не можам повеќе.

Пред мене имаше питач седнат на една од скалите, кој на сите кои поминуваа им бараше по едно евро. Престанав да се молам и кога поминав покрај него, дали тој, или некој глас, ми рече: “Ти можеш и без мене, сама да се искачиш до горе”!

Не му дадов пари, комплетно се загубив со мислите, ама како што се движев нагоре имав сè поголема и поголема тежина. Кога стигнавме на рамното седнав и го замолив мојот пријател да се врати и да му однесе пари.

Тој се симна, а кога се врати назад го прашав дали го најде човекот? Пријателот рече да, се е во ред, средено е. Мислам дека во моментот ја снема цела тежина.

Таа ноќ преспав во дворот на манастирот, пиев од лековитата вода, а кога се вратив од таму, па до ден – денешен, веќе немам никакви проблеми, ниту со здравјето, ниту со било што друго.

Името и презимето на читателката, која ни испрати електронска пошта, се познати на редакцијата на НМД. Овој текст не смее да се размножува, без дозвола од нашата редакција.

*Превземено со дозвола од порталот НМД

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -