fbpx
10 C
Skopje

30 дена не јадела после 19 часот: Она што се случило со нејзиното тело ќе ве остави без зборови

АКТУЕЛНО

Оваа жена одлучила да го промени начинот на исхрана. Не било секогаш лесно, особено не на почетокот, но истрајала во тоа и на крајот се исплатело.

„Како и повеќето жени, така и јас сакам да јадам навечер. Можев по цел ден да издржам со нормални оброци, но навечер се ослободуваа „демоните“ кои ме тераа да појдам до фрижидерот, што подоцна се одрази на мојот изглед и тежина“, вели оваа жена.

„Одлучив еден месец да не јадам два часа пред заминување на спиење и да видам што ќе се случи. Предизвикот беше поголем, бидејќи затоа што се будам рано, обично си легнувам околу 21 часот. Тоа значеше дека после 19 часот не смеев да јадам ништо. Не ми беше лесно, но бев мотивирана да истраам и диетата да ја спроведам до крај.“

Ригорозната диета навистина успеала

„Обично вечерав со децата околу 18 часот и се трудев со храната да завршам до 19. Настојував да не јадам слатки за десерт, туку наместо тоа за крај на оброкот земав парче овошје или парче сирење. Исфрлувањето на храната после 19 часот беше и лесно и тешко искуство. После неколку слатки, кои се искрадоа на почетокот, влегов во строг режим на миење на забите после вечерата и легнување во кревет. Се сеќавам дека еднаш не сакав да каснам пак нешто, затоа што потоа ми беше мака повторно да ги мијам забите.“

Излегувањата претставувале проблем

„Проблемот настана кога сакавме да излеземе на вечера. Им предложував на пријателите порано да излеземе, иако никој не се согласи. Првиот месец се` беше во ред, додека јадев дома, но проблемот настануваше кога ќе излезев во град, а тоа беше од прилика четири пати месечно.“

Навиката ја прифати и моето семејство

„Ќе продолжам да не јадам после 19 часот и на тоа да ги навикнам и моите деца, иако експериментот траеше само еден месец. Сега сите во исто време ги миеме забите и ништо не јадеме после тоа. На почетокот после вечерата и пред спиење бараа грицки, но сега повеќе не е така.

Она што почна како експеримент само за мене, се претвори во здрав начин на живот за целото семејство“, заклучува оваа жена.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -