Не сите парови може да се пофалат со чесни односи. Докажано е дека кај 84 % се присутни сериозни лаги, работи кои едниот партнер ги крие од другиот. Еве за што најчесто лажат жените.
Здравствени проблеми – многу од жените се срамат да го споделат со партнерот, проблемот кој го имаат. Тоа е голема грешка, бидејќи така жената лесно може да западне во депресија, ако ја нема потребната поддршка.
Кога на жената нешто и тежи, мажот дознава последен. Ова непишано правило знае да растури многу врски. Кога ќе се појави емоционален или друг проблем, жените треба да знаат дека патот кон неговото решавање е споделување на истиот со најблиските, вклучувајќи го и својот партнер.
Жените треба да споделат кога сексот со партнерот им станал здодевен, за тоа да се промени во иднина.
Само 9 % од жените кои некогаш ги изневериле својот партнер, го признаваат својот грев. Другите ова го кријат бидејќи се плашат дека нивниот партнер нема да им прости. Порано или подоцна секоја лага излегува на виделина и лагата нанесува повеќе штета од признанието.