fbpx
6.8 C
Skopje

25 годишно лице меѓу починатите во изминатото деноноќие

АКТУЕЛНО

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3 610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 357, Битола – 85, Куманово – 69, Прилеп – 43, Велес – 39, Охрид – 36, Тетово – 34, Струмица и Кочани – по 29, Гостивар – 28, Штип – 26, Кавадарци – 25, Кичево – 21, Гевгелија – 14, Свети Николе – 13, Струга – 11, Ресен и Радовиш – по 10, Делчево и Виница – по 9, Неготино, Берово и Валандово – по 7, Крива Паланка – 6, Богданци – 5, Дебар и Македонски Брод – по 4, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Пробиштип и Пехчево – по 2, Крушево и Демир Капија – по 1.

Регистрирани се 737 оздравени пациенти од: Скопје – 380, Прилеп – 42, Велес – 39, Куманово – 32, Кавадарци – 26, Битола – 25, Гевгелија – 23, Гостивар – 21, Тетово – 20, Штип и Крушево – по 16, Неготино – 13, Кочани и Струмица – по 11, Радовиш и Делчево – по 7, Демир Капија – 6, Берово, Кичево и Македонски Брод – по 5, Ресен и Виница – по 4, Богданци, Пробиштип и Пехчево – по 3, Охрид, Свети Николе, Крива Паланка и Дојран – по 2, Валандово и Кратово – по 1.

Пријавени се вкупно 33 починати лица: 11 од Скопје (54г, 67г , 68г, 70г, 71г, 72г ,72г, 75г 77г, 86г и 87г), по 3 лица од Битола (49г, 66г и 74г) и Тетово (40г, 65г и 85г), по 2 починати лица од Куманово ( 66г и 84г), Прилеп (67г и 75г), Охрид (72г и 84г) и Гевгелија (25г и 76г) и по едно лице од Кочани (58г), Штип (65г), Кавадарци (58г), Струга (65г), Радовиш (74г), Делчево (79г), Неготино (87г) и Берово (87г).

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -