Според проценките што ги направи Министерството за образование и наука во Македонија дури 40.000 деца немаат пристап до електронски уред за следење на наставата, соопшти министерката Мила Царовска, при претставувањето на Националната програма за онлајн образование.
Министерката најави дека пристап до интернет може да се овозможи, но дека државата не може да обезбеди толку уреди за секое дете.
Затоа се предвидува 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Македонската телевизија, на посебни канали кои се обезбедени, за да може секое дете да има пристап до наставните материјали. Дополнително, училиштата ќе имаат обврска да ги испечатат потребни материјали и да се достават до секое дете преку родителите, а потоа да се вратат назад за да се оценат – рече Царовска.
Исто така, во однос на целодневната настава таа рече дека се разговара во Комисијата за заштита од заразни болести, но дека конечна одлука нема. Засега, децата до трето одделение ќе одат во училипте, како и некои поединечни училипта, кои поднеле барање за следење настава со физичко присуство, а за тоа имаат услови.
Со оглед на фактот дека родителите кои досега користеа мерки како еден родител дома со дете до десет односно шест години, а сега треба да одат на работа, невозможно е да ги земат децата од училипте по само два часа настава. Затоа бараат да се организира згрижување на децата по часовите, со целодневна настава, но одлука за тоа се уште нема.