fbpx
20.8 C
Skopje

430 милијарди долари се изнесени од Русија за 17 години

АКТУЕЛНО

Од Русија незаконски се изнесени повеќе од 430 милијарди долари од 2000-2017 година, изјави претседателот на комитетот по одбрана и безбедност на Советот на федерацијата Виктор Бондаров.

Според сенаторот решавањето на проблемот за незаконското изнесување на капитал ќе влијае врз развојот на економијата. Тој изјави, дека комитетот предлага редица мерки по однос на ова прашање – создавање механизми за откривање на организации, создадени за скривање на даноци и изнесување на финансиски средства од Русија. Комитетот предлага да се подобри взаемното дејствување меѓу органите кои го контролираат тоа и извршната власт во Русија, а исто така да се реформира банковиот надзор.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -