18 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

6,5 милиони евра за 1.500 апарати за коцкање – Европска унијо чекај не

Државната видео лотарија на Македонија со народни пари ќе добие 1.500 апарати за коцкање во вредност од повеќе од 6,5 милиони евра. Договорот бил склучен на 2 јануари со компанијата „Евро Гамес Технологи“, со седиште во Софија, Бугарија. Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта дека наместо да работи на ограничување на бројот на обложувалници и казина, таа купува апарати за коцкање, информира Алсат М.

Неколку пати дискутираме дека правецот не е добар. Треба да се дискутира, не можеме да трошиме 6,5 милиони евра државни пари за набавка на терминали за игри на среќа. Нема логика, вели Димовски.

За пратеникот од СДСМ Диме Велков, Димовски не знае што зборува бидејќи оваа влада нема ниту намалено, ниту зголемено нешто во оваа сфера.

– Вие дозволивте во секоја спортска кладилница да има слот машини, ние не се согласуваме со тоа.

Latest Posts

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.