3.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Унгарија ќе гради нова ограда на границата со Србија

Долж 175 километри унгарско-српската граница ќе се изгради нова заштитна ограда, поточно веднаш зад постојачката, најави министерот Лазар Јанош.

Јанош наведе дека власта за новата ограда има одвоено 38 милијарди форинти (123,5 милиони евра).

„Со ова се зајакнува заштитата на границата, бидејќи тоа е неопходно поради безбедноста на граѓаните“, изјави Јанош.

Тој додаде дека во склад со новите измени во законот, на барателите на азил ќе бидат спремети пунктови на границата, каде ќе чекаат одговор додека не им се заврши азилската процедура.

На унгарско-српската граница кон крајот на минатата година беше изградена пробна ограда долга десет километри, веднаш зад постоечката.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави