fbpx
21.8 C
Skopje

84. годишна баба: Душата ме боли што моите се во странство, тешко ми е, затоа ќе гласам „ЗА“ (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Кога беше бивша Југославија, пред 84 години, видов секаков живот, и војни и сиромаштии и бедотија. Душата ме боли што моите деца се во странство. Мене лично тешко ми е што сум сама, вели баба Вера која е 84 години а која порачува дека ќе излезе да гласа на претстојниот референдум.

Јас не ја гледам мојата тешкотија, сакам животот на младите да биде убав. Тие овде студираат, а знаењето го пренесуваат во туѓи држави. Се надевам дека ќе тргне државата напред, да не тапкаме во место, ќе излезам да гласам, не лично за мене, туку за моите внуци, за сите деца кои што се млади.

Кога јас можам на 84 години да излезам да гласам би требало истите да го повторат и младите, бидејќи оваа шанса не се пропушта и треба да ја искористиме, вели баба Вера во спотот од кампањата за претстојниот референдум.

 

Баба Вера: Ќе излезам да гласам, не лично за мене, туку за младите.

Порака од баба Вера (84 години) за младите: Ќе излезам да гласам, не лично за мене, туку за моите внуци, и за другите деца, сите што се млади. Тие да живеат подобро од мене. #ИзлезиЗА

Posted by Zoran Zaev on Saturday, September 22, 2018

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -