fbpx
5 C
Skopje

А да го вратиме султанот?!

АКТУЕЛНО

Убава вест: Сите кои имаат возила на бугарски таблички, ќе можат да ги регистрираат возилата во Македонија со 50 % помали давачки

Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата нa Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од...

Шахпаска: Очекуваме одговори од министерствата за предлогот недела да биде неработен ден

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска на владина седница ќе побара од нејзините колеги од другите ресори за седум дена да...

Николовски: Реализирана обука за практична примена на Кодексот за етичко однесување

Спроведувањето на обуката на членовите на Владата за практична примена на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции...

Како ви се допаѓа новиот изглед на скопската стара чаршија?

Неодамна, Општина Чаир го заврши проектот за Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир, во рамките на Проектот за Локална и Регионална Конкуренција (ПЛРК)...

Ердоган се јави од братска Анкара и кажа „Ние секогаш ќе стоиме позади Македонија“, кажа и уште нешто, а имено дека за нив (Турците) „нема разлика меѓу Анкара и Скопје“. Ваква изјава да дојдеше од братска Софија, сета сексуална моќ на „патриотската“ армија од ботови и недоветни ќе се активираше во одбрана на Татковината, ама чим изјавата доаѓа од Ердоган сѐ е во ред.

А да си го вратиме султанот?! Македонија под „пусто турско“  била малку повеќе од 500 години. Гарант им било топ на нашите претци, оти ако не им било погодено тешко дека ќе  ги трпеле агите толку долго време (половина милениум, па тоа не е заебанција). Арачот е арач без разлика дали го даваш на „клето Турче“ или на „пусто Македонче“. Од каде им текна на оние будалине егзархиски да создаваат комитаџиска организација во Солун. Само беља ни отворија. Бандити!!! Тргнале против царштината да се бунат, автономии да барат, ма срамота.

Дури денес гледаме каква беља ни направиле комитите од Разловечкото, Кресненското и Илинденското востанија. Тие гинеа, за ние на држава да си играме. Грците па крв почнаа да серат зашто државата ни се вика Македонија. Само проблеми нешто да прават, си ја продолжуваат традицијата од времето на „слугата на лукавиот“ Германос Каравангелис. Ама тука ни е султанот за да нѐ одбрани и затоа ви велам да си го вратиме.

Султанот не е фашист како чиновниците од ЕУ, султанот не е педер, и што е најважно султанот не е татар, чист Турчин си е, а ние од Турците само убавини сме виделе. Тие секогаш им иделе контра и на Грци и на Бугари, таман сојузници како за нас.

НЕ НИ ТРЕБА ЕУ кога Ердоган е позади нас. Тие што фатија магла на Запад, кој ги врти, ние си сакаме на исток. Се удираме во гради со изјавите на еден лидер, што раководи со челична рака. Слабите нации имаат потреба од такви лидери, за да им се возхитуваат. Да се куроперчат со нив. Да ги ставаат по канцеларии и училишта како икони и да се крстат во нив. На слабите нации им треба пастир за да ги собира на купче со стапот, исто како овци. Тој што нема да ја послуша наредбата на лидерот веднаш ќе биде прогласен за предавник или ако е малку повлијателен за терорист (каков што е случајот со Фетулах Ѓулен во братска Анкара). Така нацијата станува цврста и не паѓа во искушенија.

Нам очајно ни е потребен султан, ама не за да нѐ пази од некој од страна, туку да нѐ пази од самите нас. Ни треба султан за да им ги отсече главите на сите одговорници за нашата перманентна беда. Ни треба султан да им каже на „патриотите“ дека, додека го бранат името, дожд им го поплави архивот, а во архивот е нацијата, колку и да е стаклена таа.

Ништо добро не нѐ очекува додека чекаме некој поголем батко да дојде да нѐ брани. Па ние не сме дечиња во основно. Ние нели сме народ, нели имаме историја стара илјадници години, нели сите се против нас, оти се плашат од моќта на Македонецот, нели, нели, нели…

Јас ви викам да го вратиме султанот… и така се однесуваме како раја, па ако не можеме да си го надоградиме општествениот статус кон подобро, барем да си го официјализираме сегашниот.

Автор: Атанас Величков

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Убава вест: Сите кои имаат возила на бугарски таблички, ќе можат да ги регистрираат возилата во Македонија со 50 % помали давачки

Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата нa Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од...

Викенд диета: До понеделник 3 килограми помалку

Викенд диетите се многу популарни бидејќи се едноставни, траат кратко, а бидејќи за време на викендот сте дома можете да посветите внимание на тоа...

Шахпаска: Очекуваме одговори од министерствата за предлогот недела да биде неработен ден

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска на владина седница ќе побара од нејзините колеги од другите ресори за седум дена да...

Истражување: 20,7 проценти од населението во Србија развило имунитет на коронавирус

Пред сегашниот и досега најсилен бран на епидемијата, 20,7 проценти од населението во Србија се здобило со имунитет на коронавирус, а најмногу отпорни се...

Николовски: Реализирана обука за практична примена на Кодексот за етичко однесување

Спроведувањето на обуката на членовите на Владата за практична примена на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции...
- Advertisement -