fbpx
16 C
Skopje

Адел ги разочара своите фанови, повеќе не оди на турнеи

АКТУЕЛНО

Веќе подолг период во британската јавност се шпекулира за можните турнеи на британската пејачка Адел, која ги разочара фановите ширум светот порачувајќи дека во иднина нема да организира турнеи.

Адел ова го откри за време на концерт во Нов Зеланд, каде порача дека не знае дали во иднина би организирала турнеи. Овој концерт беше последен пред спектаклот кој треба да се случи на стадионот „Вембли“ во Лондон, каде ќе ја заврши и летната турнеја.

Во кореографијата на концертот, Адел настапи на дожд, со целосно мокар фустан, а таа на себе носеше најлонски мантил. На сето тоа се шегуваше дека непотребно ја средувала фризурата и шминката речиси два часа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -