fbpx
5 C
Skopje

Аеродром во Шведска ги советува девојките да стават лажица во долната облека, а ова е причината

АКТУЕЛНО

Властите во Гетеборг упатиле совет до девојките да стават лажица во долната облека за да не бидат жртви на киднапирање и водење во странство со цел склопување на присилен брак. Упатството се однесува на ситуации за време на патување и алармирање на аеродромскиот екипаж.

„Лажицата ќе ги покрене детекторите за метал кога ќе поминете низ зигурносните проверки. Ќе ве одведат на страна и потоа ќе може да разговарате со вработените. Тоа е последна можност да се огласи алармот“, рекла Катарина Идегард, која се занимава со вој вид насилство во Шведска, пренесува Дејли Меил.

Таа рекла дека националната телефонска линија минатата година примила 139 повици поради малолетнички или присилни бракови.

Идејата потекнува од добротворната организација Карма Нирвана, која рекла дека оваа тактика спасила голем број девојки во таа земја. Оваа организација побарала мпостроги казни за присилните бракови откако полицијата открила дека во последните три години имало повеќе од 3.500 случаеви.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -