fbpx
12.8 C
Skopje

Африм Гаши: Никогаш нема да поддржиме никаков документ кој ќе биде на штета на нашите сограѓани

АКТУЕЛНО

Африм Гаши од Движењето БЕСА во емисијата 360 степени на Алсат-М рече дека тие нема да бидат дел од документ кој што ќе биде на штета на било кои граѓани во Македонија.

„Сакам да ги осигурам граѓаните Македонци и припадниците на другите заедници во земјата дека барем Движењето БЕСА никогаш нема да биде дел од некој документ кој ќе биде на штета на своите сограѓани. Колку што сме заинтересирани да воведеме добросостојба и реализација на Албанците во Македонија, исто толку сме заинтересирани и Македонците и другите етникуми во Македонија да се чувствуваат добро, спокојно и да бидат почитувани како лојални граѓани на оваа држава“ изјави Гаши

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -