fbpx
18 C
Skopje

Ахмети: Имаме одговорност пред граѓаните, не смееме да дозволиме политичката криза да стане етничка

АКТУЕЛНО

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по денешната средба со еврокомесарот Јоханес Хан ги повика најголемите македонски политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да понудат решение за да се надмине политичката криза и земјата да се врати во нормала, со функционални институции, почнувајќи од Собранието и конституирањето на Владата на Република Македонија.

„Ние мора да водиме дијалог и мора да бараме решенија, затоа што не треба да ја донесеме ситуацијата до тоа ниво и да ги разочараме нашите пријатели, во овој случај, ЕУ, затоа што не би било добро за ниту една политичка страна, ниту би било добро за нашата земја. Мора да изнајдеме решение за кризата. 

Ахмети истакна дека особено треба да се внимава политичката криза да не стане етничка. Ние имаме национална и политичка одговорност пред граѓаните и таа треба да се реши со политички методи. Сите треба да бидат внимателни и сите треба да инвестираат во правец на конституирање на институциите и нивното функционирање“, рече Ахмети.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -