fbpx
9 C
Skopje

Ахмети за поранешниот министер на СДСМ: Тој е лажго, соработник и истомисленик на Слободан Милошевиќ!

АКТУЕЛНО

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Спасовски: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај

Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај. Денеска остварив средба со претседателот на Републичкиот совет за...

Борисов: Со вакво темпо на вakцинирање од 1 март во Бугарија че се отворат рестораните и салите

Во Бугарија досега се вакцинирани речиси 150. 000 граѓани, за само еден ден вчера се имунизирани над 17.000 лица, а повеќе од 200.000 пациенти...

Според извори од ВМРО: Мијалков бил во соседна земја, но се вратил назад

Сашо Мијалков, екс директорот на УБК и понатаму е актуелна тема. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, сепак, побегнал од земјата и стигнал до Белград,...

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, преку својот официјален профил на „Фејсбук“ распали по поранешниот министер од СДСМ и генерален секретар на оваа партија, Ѓорѓи Спасов. Реакцијата на Ахмети, како што пренесува порталот „Тетова Сот“, е за недоличната содржина што Спасов ја објавил на социјалните мрежи, при што упатил навредливи зборови до лидерот на ДУИ.

Статусот на Ахмети го пренесуваме во целост:

„На 10-11 мај 2003 година, организацијата ПЕР (Project on Ethnic Relations) организира една конференција за поминатите шест месеци од првата меѓуетничка коалиција во Македонија, поканувајќи претставници од политичките партии и од меѓународната заедница во Маврово.

Меѓу поканетите бев и јас. Голем впечаток ми остави коментарот на претседателот на ПЕР, господинот Ален Касоф, за еден од поканетите на вечерата помеѓу гостите.

Господинот Касоф му кажа на овој пратеник дека го познава од некаде и дека се сретнале некогаш порано, но на пратеникот не му текнуваше за таа средба иако ги смени изразот и бојата на лицето.

Пред присутните господинот Касоф раскажа дека оваа личност ја сретнал за време на една непријатна средба со Слободан Милошевиќ во Белград и дека никогаш нема да го заборави лицето на овој македонски пратеник. После средбата со Милошевиќ, гостите од меѓународната заедница, меѓу кои бил и Касоф, го прашале овој човек за патот до хотелот, при што тој им дал погрешни насоки и наместо кон хотелот, ги упатил кон зоолошката градина.

Господинот Касоф му кажа на пратеникот дека никогаш нема да го заборави неговото лице токму поради стравот што му го наметнале криците на животните од зоолошката, односно поради лажните насоки на овој човек.

Овој лажго, соработник и истомисленик на Слободан Милошевиќ беше токму Ѓорги Спасов, кој денеска ни се претставува како интелектуалец и модерен и сака со ниски навреди, без капка човечка и семејна воспитаност, да влијае врз јавното мислење или да се направи „интересен“ како задоцнет адолесцент кој го пропуштил и општествениот и политичкиот воз.

Ја раскажав оваа приказна почитувани пријатели затоа што вистината го има започнато својот пат и треба да излезе на виделина, за секој од нас, а особено за ваквите лажговци.“

Ова е одговорот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети откако претходно Спасов на својот фејсбук профил објавил виц за лидерот на ДУИ, а во кој ја споменува и неговата сопруга.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Битиќи на средба со угостителите: Јас сум еден од тие што потешко го помина вирусот, здравјето е најважно

Угостителите и организаторите на свадби денеска одржаа протест пред Владата, барајќи нови протоколи што ќе им овозможат да продолжат со организирање на прослави и...

Спасовски: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај

Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај. Денеска остварив средба со претседателот на Републичкиот совет за...

Tвитер koментар: Кога ќе му кренеш на Мишко на фиксен, првото прашање му е дома си?

Вчера во медиумите одекна веста дека поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, по кого беше распишана меѓународна потерница, сам се појави во Обвинителството...

Борисов: Со вакво темпо на вakцинирање од 1 март во Бугарија че се отворат рестораните и салите

Во Бугарија досега се вакцинирани речиси 150. 000 граѓани, за само еден ден вчера се имунизирани над 17.000 лица, а повеќе од 200.000 пациенти...

Според извори од ВМРО: Мијалков бил во соседна земја, но се вратил назад

Сашо Мијалков, екс директорот на УБК и понатаму е актуелна тема. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, сепак, побегнал од земјата и стигнал до Белград,...
- Advertisement -