fbpx
6 C
Skopje

Македонците што живеат во Албанија бараат секаде во земјата да се изучува македонскиот јазик

АКТУЕЛНО

Во организација на Македонска алијанса за европска интеграција, единствената македонска партија во Албанија, во Конгресната палата во Тирана се одржува научна конференција „75 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија”, пренесува ФАКТОР.

На конференцијата, на која присиствува и премиерот Зоран Заев, свои излагања имаат Македонци од Албанија, а отворена е и изложба со фотографи и книги пишувани на македонски јазик од Македонци од Албанија.

Според Заев, се прават напори за подобрување на изучувањето на македонскиот јазик во училиштата на Мала Преспа.

„Се разбира, секогаш може и повеќе и затоа ги развиваме односите меѓу двете земји на највисоко пријателско ниво, за да разговараме слободно за можностите. Зачувувањето на јазикот е од огромно значење заради тоа што ги обединува луѓето и културно ги поврзува генерациите за да можат една на друга ги пренесуваат цивилизациските вредности на човештвото“, рече Заев.
Тој додаде дека наскоро ќе бидат отворени културни центри во амбасадите.

„Токму затоа, со премиерот Рама работиме на тоа договорот меѓу нашите две држави за отворање на културно информативни центри да биде исполнет во целост. Тоа ќе овозможи наскоро во Скопје и во Тирана да имаме целосно функционални културно-информативни центри кои ќе ги бидат значаен придонес за дополнително надградување на взаемните пријателски односи, и места за факултативно неформално изучување на јазиците на двете земји. Истовремено тоа ќе бидат места каде што ќе можат да се најдат книги и други публикации на македонски јазик што ќе помогнат во унпаредувањето на изучувањето на јазикот на Македонците во Албанија“, рече Заев.

Извор: ФАКТОР.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -