fbpx
2.8 C
Skopje

Ако нема посериозни здравствени проблеми, Груевски заминува во затвор уште денес

АКТУЕЛНО

Како што информира порталот СДК.МК, екс премиерот Никола Груевски одлуката на Апелациониот суд Скопје со која му е потврдена двегодишната затворска казна за нарачката на луксузен мерцедес од 600 илјади евра по негова желба од осиромашениот буџет на МВР, ја прочитал на мобилен телефон во судница.

Според законот, како што пренесува СДК.МК, Груевски може да се жали до Врховниот суд, а во вакви случаи процедурата може да трае и до четири па и пет месеци. Ако во меѓувреме не постои причина за сериозен здравствен проблем, одлуката да оди во затвор се спроведува веднаш, без оглед дали осуденото лице односно во случајот Груевски се обраќа до Врховниот суд со вонреден правен лек.

Екс премиерот во целиот овој процес се повикуваше на застареност на делото, но и го повторуваше својот став дека судството е под политички притисок, со конечна цел тој да се уапси пред референдумот, за да се отргне вниманието на јавноста од тоа што го прави актуелната Влада на чело со премиерот Зоран Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -