fbpx
5 C
Skopje

Ако планирате потомство, направете го тоа со значително помлад маж

АКТУЕЛНО

Ако планирате да основате семејство, истражувачите од Харвард ви сугерираат тоа да го направите со маж значително помлад од себе.

Новата студија заснована на 20.000 спроведени третмани за лекување на неполнодност покажала дека жените кои за партнер имаат помлад маж имале поголема стапка на успех од оние кои покрај себе имале маж со слични години.

Иако плодноста на жените се намалува со години, староста на мажот и натаму е значаен фактор.

Студијата која ја спровело Медицинското училиште на Харвард опфатило 7.753 парови измеѓу 30 и 42 години кои биле дел од третманот за лекување неплодност измеѓу 2000 и 2014 година.

Исто така е утврдено дека жените чии партнери се значително помлади од нив, имаат поголеми шанси за успех. Поточно, жените на возраст измеѓу 35 и 40 години кои покрај себе имаат партнер помлад од 30 години имале околу 30% повеќе успех од жените чии партнери биле на приближно нивни години.

Меѓутоа, за жените кои имаат над 40 години, годините на партнерот немаат никаква улога во тоа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -