fbpx
18.8 C
Skopje

Ако се наљути Бугарија и прекине да дава пасоши шу праиме

АКТУЕЛНО

Вие господа сте апсолутно политиканти и фолиранти кои не мислат за ништо освен за својата политичка егзистенција, кое е жално за граѓаните кои во ВАС препознаа луѓе решени да не поведат кон модерниот и развиен европски свет.

Секојдневно се почесто го користите аргументот дека немало потреба да се вадат повеќе бугарски пасоши ако го решиме спорот со името.

Господа, јас како еден од тие што со години има бугарски пасош да ви спомнам само неколку моменти.

Немам ништо против, точно спротивно би сакал Македонија да го започне својот пат кон ЕУ и НАТО. Дај Боже да се реши овој проблем со Грција и да зачекориме еднаш засекогаш напред. Можеби ова требаше да се случи многу поодамна, но не можеме да го вратиме времето затоа да погледнеме напред.

Дали беше можен друг, подобар или полош договор со Грција? Сигурно ДА бидејќи ништо совршено нема.

Да се навратам на вашиот глупав аргумент. Наместо вие господа од СДСМ и ДПМНЕ да сте благодарни на Бугарија што овозможила на илјадници луѓе, семејства од Македонија да си го спечалат својот леб чесно и достојно по белиот свет, наместо да им благодарите за тоа што први не признаа како држава, образоваа илјадници луѓе од Македонија како доктори, инжинери, архитеткти итн. за сметка на буџетот на Бугарија, вие од СДСМ потпишавте договор со Бугарија, за време од две кафиња пиење, без да имате особени проблеми, во кој пишува дека имаме заедничка историја т.е. минато, Борисов се уби да лобира да не врати на дневен ред на ЕУ, ВИЕ се убивте да повторувате дека немало веќе потреба луѓето да вадат пасоши! Не знам дали имате малку чувство, но не разбирате ли дека почнувате да ги вреѓате и луѓето со бугарски пасоши и Бугарија?!

Оставете тоа што вие тресете зелени, ама и други сте ангажирале како генералот Ангелов на пример. Нема да навлегувам во детали но би спомнал дека блиски роднини на високи функционери АМА МНОГУ ВИСОКИ ако не и највисоки на СДСМ се бугарски државјани! За Ангелов нема да објаснувам, ако сака сам нека си каже. Ајде доста со тоа лицемерие!

Зошто ја мешате Бугарија и бугарските пасоши во ова? Зарем Бугарија нѐ не призна прва како Р. Македонија? Или заборавивте на тоа?! Слушам шпекулирате со глупавата теза дека Бугарија ќе побарала малцинства, права ило незнам што… Кога од официјална Софија сте чуле такво барање?! Ни сте чуле нити ќе чуете. Малку проблеми имаат тие па уште малцинство во Македонија им треба па со нас да се расправаат!

Друго, нели има потпишан договор, во него такво нешто нема! Вие го потпишавте не некој друг и се надевам знаете што сте потпишале!

Ајде сега земете па налутете ги Борисов, Радев, Каракачанов, Симеонов и компанија па да земат да престанат да даваат пасоши… А уште полошо да им ги соберат на сите и да ги вратат назад во Македонија. Што ќе им правите бре визионери европски?! Ќе добиете 50 000 невработени одма од старт и уште толку на број семејства социјално слаби. Одозгора на сѐ еден куп наши сограѓани веќе имаат успешен бизнис во Бугарија, дел од нив работат таму како високо образовани кадри, кај ќе ги сместите нив?! Во вашите фамилијарни фирми ли или сите ќе ги направите советници во Влада, во МВР или пак како генералот ќе си бираат место работно кај си сакаат?!

Мислете малку со тоа главите, а не само да се тресат зелени. Некој се трудел, разговарал, убедувал дека Бугарија треба да им даде пасоши на луѓето од Македонија со тоа да им помогне да си ги прехранат семејствата, вие сега земете расипете сѐ и тоа само за сопствен интерес!

Многу, ако не и огромен дел од луѓето со бугарски пасоши, се европски орентирани. Ако продолжите да фурате со оваа глупа пропаганда ќе ги изиритирате само и ќе постигнете обратен ефект.

И не заборавајте, Европа нема да ни ги отвори границите одма, ако Бугарија престане да дава пасоши и им ги собере на сите да нѐ ни скокне за година дена невработеноста пак на 40%.

Доста пумпавте патриотизам на грбот на Бугарија, дај сработете нешто. Борисов и Бугарија имаат вработено повеќе луѓе и тоа на европски плати отколку сите ваши влади заедно!

Автор: ТОЈ БУГАРИНОТ

Извор: Трибуна.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -