19 C
Skopje

Ако вирусот избувне во Јужна Италија, ништо нема да го запре тоталниот хаос

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Ако болниците во богатиот северен регион на Италија Ломбардија се на работ на колапсот, поради епидемијата од коронавирус, во јужниот дел на државата Националниот здравствен систем би се соочил со тотален крах, ако се случи истото сценарио.

Во посиромашните јужни региони, оскудните ресурси, лошото управување и лошата инфраструктура ги мачат болниците повеќе од една деценија. Затоа италијанската влада започна поинтензивна борба против ширењето на епидемијата COVID-19 во јужните делови на земјата.

Во вторник стапија на сила нови правила, кои им забрануваат на луѓето да се селат од местото каде што се сега – вклучително да се собираат со семејството или да се враќаат во своите домови доколку се на друго место. Глобата за непочитување на овие правила се движи од 400 – 3000 евра.

Одлуката на регионалната влада на Сицилија да го затвори островот за пристигнувања од копното Италија, која исто така беше донесена во вторникот, предизвика хаос – стотици луѓе, вклучително и возачи на камиони со храна, беа блокирани на пристаништето Вила Сан Џовани додека чекаат да се качат на брод за Сицилија.

Ова ги плаши жителите дека може да останат со недоволно количество на основни прехранбени производи недоволно во продавниците.

Друг проблем поврзан со недостигот на кревети за критични случаи се најде во најголемите јужни провинции на Италија – Сицилија, Апулија, Кампанија и Калабрија, со население од 16 милиони, додека капацитетот на креветот во регионот е под 1000 дури и пред почетокот на пандемијата.

Низ целата земја, објектите за хоспитализација на критични луѓе се 5.200, а според италијанската влада, оваа бројка треба да се зголеми за 40% за да се задоволат потребите.

„Ако Ломбардија има тешкотии во борбата (заразата), тогаш замислете што може да се случи на југот, каде што има само дел од лекарите и виталната медицинска опрема што ги има северниот дел на земјата“, коментира Фелипе Анели на почетокот од овој месец. Анели – претседател на Националното здружение на лекари.

Окружните раководители постојано изразија загриженост за илјадниците кои ја напуштија Ломбардија за да им се придружат на нивните семејства на Југот или да поминат карантин во нивните домови надвор од покраината.

За 24 часа од затворањето на Ломбардија на 8 март, повеќе од 9000 луѓе лично се изјасниле дека се наоѓаат на територијата на Апулија, а до 20 март околу 35.000 пристигнале во Сицилија од другите делови на земјата.

Нашиот здравствен систем не може да се справи со ситуација како онаа во Ломбардија“, рече Џоле Сантели, новоизбраниот раководител на Калабрија и член на Форца Италија на Силвио Берлускони, во видеото на социјалните мрежи.

Регионот има скоро 2 милиони жители и помалку од 150 легла за тешки случаи, а скоро 10 илјади луѓе пристигнале таму од северна Италија само во март.

Она што создава дополнителен проблем е и намалувањето на работните места и ниските плати, а во последниве години илјадници здравствени работници мигрираа од посиромашните јужни региони.

Во меѓувреме, неколку луѓе од медицинскиот персонал кои се грижи за пациентите, се заразени со Ковид-19. Еден вработен во голема болница во еден од најголемите градови во регионот Апулија, кој сакаше да остане анонимен, рече дека лекарите сè уште работат таму без никаква опрема за лична заштита. Истрагата на италијанската телевизија Ла7, од друга страна, откри и други нарушувања на мерките – пациенти со KОВИД-19 се слободни да шетаат низ болница во Калабрија и да се возат во лифт со други пациенти и персонал на болницата.

Иако во последниве денови има пад на бројот на заболени од коронавирус во Италија, што е втора земја со најпогоденост во светот, ова не треба да ги увери и властите и населението на земјата дека борбата е завршена. Борбата допрва почнува.

Занемарувањето на мерките и запоставувањето на истите може да ја стави Италија во многу полоша ситуација отколку што е во моментов.

А тогаш, каков ќе биде исходот, можеме само да претпоставуваме.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Заев: Го добив мандатот, се подготвувам да бидам премиер 4 години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање изјави дека утрово имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети Денеска го добивам мандатот...

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...
- Advertisement -