fbpx
6 C
Skopje

Актерот Сашо Тасевски со порака до Самсоненко: Друже, ние друга радост како народ освен твоите успеси, немаме

АКТУЕЛНО

Поранешниот директор на Драмскиот театар, актерот Сашо Тасевски напиша пост за РК Вардар на Фејсбук.

Драг Вардаре, друже Самсоненко,

Ние друга радост како народ освен Твоите успеси, немаме. Ниту ЕУ ќе видиме, ниту пристоен материјален живот ќе доживееме, ниту правда и мир ќе видиме. Само Ти како тим со твоите европски титули направи да се почувствуваме троа важни во европското друштво на народите. Она што го направивте е подвиг во сите европски клубски спортови на сите времиња. На двапати од отпишан, аутсајдер, да станеш европски шампион. На чудесен начин се качуваше на тронот. Беше европска спортска вест број еден.

Имате пак силен тим, којшто лесно ќе влезе во фајнал форот, под услов да ги смените двата голмани додека е време. Со сета почит кон нив како спортисти, ама не се за Тебе и за твоите амбиции. Башка муабет, многу не навикнавте на она ВАРДАР Е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН ВО РАКОМЕТ.
Засилете се со добри голмани и скршете им кичмата на Кил на Веспрем на Барса, на се што мрда.
Убаво ќе биде оваа сезона да чуеме ВАРДАР И ТРЕТПАТ НА ВРВОТ НА ЕВРОПА, напиша Тасевски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -