fbpx
1 C
Skopje

АЛБАНСКИТЕ И ГЛАСОВИТЕ НА ВМРО-НП ПРЕСУДНИ ВО НЕКОЛКУ ОПШТИНИ

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Кампањата за локалните избори почнува за неколку дена. Партиите ги открија картите што ќе ги поделат на изборната маса, надевајќи се дека токму нивната е добитна. Овие избори ќе бидат поразлични од двата претходни на локално ниво. Ако на минатите избори во 2013 година имавме ситуација „Џандар збира“ и ВМРО-ДПМНЕ прегази низ цело Скопје, со исклучок на Центар, на овие избори поизрамнета е ситуацијата на теренот.

Очекуваме дека кампањата ќе биде жестока, со многу неостварливи и веќе слушнати ветувања, безпотребно потрошени пари за митинзи и партиски собири. Ќе се изнагледаме нарачани и набилдани партиски анкети од разни Шатевци, Чуповци, Рејтинзи… кои ги водат самонаречени експерти.

Направивме компарација од резултатите од локалните избори во 2013 и декемвриските парламентарни за да ја видиме тенденцијата на популарноста на партиите на локално ниво кај жителите на скопските општини, за да биде јасно што може да се очекува на 15 октомври. Секаде ќе биде тесно, неизвесно до крај, ќе одлучува секој глас. Но, некако има две општини кои отскокнуваат од општата атмосфера. Во нив како да е се решено уште пред да се одржат изборите. И тука од старт резултатот е 1:1.

Прво, прогнози се дека доколку доскорешната владејачка партија изгуби катастрофално и освои само едно општина, тоа секако ќе биде – Гази Баба. Вмроовско упориште, што остана неосвоено и во декември 2016 кога во цело Скопје се почувствува про СДСМ атмосфера.

Второ, како ФИКС за СДСМ се предвидува општина Карпош. Комплетна промена на расположението од локалните избори во 2013 до декемвриските парламентарни. СДСМ доколку не направи некоја катастрофална грешка во кампањата и некој сериозен „фаул“ на централно ниво, после 15 октомври, само ќе констатира дека веќе „Карпош не е Стефчо“. Сепак, никако не смеат да го потценат нивниот поранешен партиски другар, сегашниот градоначалник Јакимовски кој се покажа како политичар измачкан со сите партиски бои – како да е венчан за градоначалничката функција не бирајќи од која партија ќе се кандидира.

Сите други општини, вклучително и Градот Скопје се под „трето“ – ќе се бие изедначена битка.

Аеродром и Кисела Вода се типичен пример каде што предноста на ВМРО-ДПМНЕ на неколкуте минати избори во декември се стопи, но се уште не е доволна за кандидатите од СДСМ да ја отспијат кампањата. Постојните локални власти не се омилени, но и СДСМ веќе неколку месеци е центална власт и ги покажа своите слабости. Одлука, кој ќе победи ќе зависи и од будењето на неопределените но и од гласовите на ВМРО-НП, кој одлучи да ја прескокне оваа изборна битка, со директно учество.

Во Ѓорче Петров, а особено во Бутел и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ буквално ќе трчаат за секој албански глас. Без гласовите од албанските партии нема да успеат.

Во Сарај и Чаир голема борба ќе се води помеѓу БЕСА и ДУИ. Прогнозите се дека Сарај ќе отиде кај владеачката ДУИ, но за поголемата скопска општина, каде што мнозинство се албанските гласачи, според гласовите од декемвриските избори предност има БЕСА. Овде спортивно од претходните две општини, пак, албанските партии ќе го ловат секој македонски глас за да успејат.

Кој и да победи не е важно, потребно е да реализира тоа што ветил. Да биде достапен за проблемите на граѓаните, да го направи Скопје модерен град, а не карикатура од стиропор и гипс или некакви си боемски улици.

ЦЕНТАРЦИ ГО ТРПЕА „СКОПЈЕ 2014“, НО И ЖЕРНОВСКИ

И во општина Центар, „синиот“ бастион во минатите 4 години, кој донесе и најголема разлика во декември 2016 година, нема да биде јасен резултатот се до пребројувањето на последната кутија. Револтот на центарци од нагрдувањето на нивната општина со проектот „Скопје 2014“ трае, но факт е дека и нивниот досегашен градоначалник Андреј Жерновски го помина мандатот во длабок сон, покажувајќи дека „и овие не се поразлични од другите“. Во Центар, нема да се гласа за партија, туку за човек и во најголема мерка крајниот исход ќе го одлучи борбата на двата кандидата.

ШИЛЕГОВ И КОЦЕ ЌЕ ЧЕКААТ ПОМОШ ОД СТРАНА

На ниво на Град Скопје, иако многумина веќе го видоа Петре Шилегов као нов градоначалник, сепак и досегашниот Коце Трајановски ќе има што да каже. Ако се компарира разликата во корист на СДСМ од неколку илјади гласа на парламентарните избори во декември 2016 и разликата во корист на ВМРО-ДПМНЕ од локалните во 2013 (повеќе од 50.000) гласа, јасно е дека расположението во македонската престолнина е променето, но и изедначено. Над 25.000 гласови на Албанците и речиси 6.000 на ВМРО-НП, ќе одлучат кој ќе го води Градот во следните 4 години.

 

Извор: Скопско Ехо

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Германија воведе нови построги правила за влез

За земјите со особено голем број инфекции, меѓу кои е и нашата, или со опасни мутации – од недела важат построги правила за влез...

Несекојдневна сообракајka во Скопје: Велпсипедист преазил пешаk, па избегал

Во текот на вчерашниот ден во 14: 10 часот во Скопје на улица „50-та Дивизија“ велосипед управуван од засега непознато лице кое го напуштило...

Кои хороскопски знаци се најкомпатибилни?

Одредени карактеристики од хороскопските знаци ни кажуваат на кој начин ќе функционираат два знаци во една врска па затоа тие можат да бидат корисни...

Зeмјотрес во Aлбанија, почувствуван и во југозападниот дел на Македонија

Земјотрес со јачина од 3,1 степен, се случи попладнево во Албанија. Земјотресот се случил во 14:08 часот по локално време, а бил почувствуван и...

Сeстратa нa Тоше 14 години прави една иста работа на овој ден од овој детаљ на роденденската торта ќе ви надојдат солзи (Фoто)

Да беше жив денеска најголемата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески ќе наполнеше 40 години. Како и секоја година ова е еден од двата најтажни денови...
- Advertisement -