17.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

Алегри: Многу сум лут на Пјаниќ и имам замерки

И покрај синоќешната победа во Лигата на шампионите на Јувентус против Монако од 2-0, стратегот на „старата дама“ е незадоволен од некој фудбалери, а го посочи Миралем Пјаниќ.

„Добро почнавме, но квалитетот на играчите на Монако не ставаше во незгодни позиции. Во првото полувреме не го држевме своето место Се подобривме во продолжението. Единствен исклучок во тој дел од играта е моментот кога Алвес остана напред во желбата да направи нешто, па Барзаљи остана сам против двајца во одбраната. Но од друга страна, дадовме голови од контранапад што е голема сила на Монако”, истакна Алегри.

„Многу сум лут на Пјаниќ. Миралем може да стане еден од тројцата најдобри играчи за врска на планетата. Но од време на време, кога ќе погреши при предавањето на топката, се однесува како да дошол крајот на светот. Мора да остане мирен, опуштен, затоа што поседува потенцијал кој го изразува, но само делумно, во одредени моменти”-додаде Алегри.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -