fbpx
21.8 C
Skopje

Александар Вучиќ украл 319.000 гласови на изборите?

АКТУЕЛНО

Актуелниот премиер и новоизбран претседател на Србија, Александар Вучиќ за време на претседателските избори украл 319.000 гласови, обвинија од изборниот штаб на неговиот против-кандидат Саша Јанковиќ.

„При разгледување на гласачките ливчиња во 25 избирачки места кои ги отворивме во РИК (Републичка изборна комисија) откривме тешки нарушувања на изборниот процес“, стои во реакцијата од штабот на Јанковиќ.

Јанковиќ на изборите кои се одржаа на 2. април доби над 16% од гласвоите, а веќе една седмица во поголемите градови кај нашиот северен сосед граѓаните се на улица и протестираат против изборот на Вучиќ.

„Постои огромна разлика помеѓу физичкото бројување на гласовите и бројот на гласови кои се внесени во избирачките протокли. Потенцијално Вучиќ украл неверојатни 319.000 гласови“, стои во соопштението.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -