Претседателот на ДУИ Али Ахмети денес му врати на екс премиерот Зоран Заев и актуелен претседател на СДСМ кој победи на овие избори дека премиер не се станува ниту со 46 пратеници. Овој одговор односно реакција од Ахмети доаѓа откако првиот човек на СДСМ рече дека премиер не се станува со 15 пратеници.
Во оваа ситуација, на сите инволвирани страни им е потребна смиреност, мудрост и да размислуваат за највисоките интереси на државата. Можам да кажам дека ДУИ е фактор на стабилност во земјата. Ние внимателно ги анализираме ситуациите, нема да брзаме. Секоја чекор што ќе го преземаме, ќе го направиме во интерес и корист на државата, мирот, стабилноста и унапредувањето на поголемите процеси, како што се Охридскиот договор, Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, спроведувањто на законот за јазиците, борбата против криминалот и корупцијата. Но, во никој случај да не се избегнува од процесот на Ветинг. Секој ќе биде во партнерство со нас ако се согласув со овие точки. Вклучувајќи го и премиерот, изјави Ахмети за Коха.
Тој додава дека засега нема ништо конкретно во однос на разговорите за формирање на новото парламентарно мнозинство.
Претседателот на СДСМ пак Зоран Заев истакна дека очекува дека за 10 до 15 дена ќе биде формирано парламентарно мнозинство.