Гигантот во електронската трговија „Амазон“ во Четврток, објави дека во САД ќе отвори нови 100. 000 работни места.
Новите работни места ќе бидат отворени во складиштата, но ќе има и нови центри за складирање на стока. Ќе продолжиме да инвестираме во нови технологии и логистика, изјави генералниот директор на „Амазон“, Џеф Бејзос.
Повеќето од работните позиции ќе бидат отворени во центрите кои моментално се градат во многу американски држави, меѓу кои се Калифорнија, Тексас и Флорида.