Втората годишнина од Преспанскиот договор е пример за светот како се надминуваат различностите од минатото, заради подобра иднина, напиша на Твитер, американската амбасадорка во земјава, Кејт Бирнз.
Претходно и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на неговиот официјален „Фејсбук“.
Докажавме еднаш засекогаш дека во историјата на Балканот не се потребни победници и поразени. Доволна е почитта и силната волја за заедничка иднина на мир и развој, пишува лидерот на СИРИЗА и поранешниот грчки премиер Ципрас на неговиот официјален „Фејсбук“ профил по повод две годишнината од Договорот од Преспа.