fbpx
12.8 C
Skopje

Амбасадорката на САД во ОН: Нема да ја нападнеме Северна Кореја ако Пјногјан не ни даде повод за тоа

АКТУЕЛНО

Амбасадорката на САД во Обединетите нации(ОН) Ники Хејли денеска не ја исклучи можноста од американски напад врз Северна Кореја, доколку Пјонгјанг изврши уште една нуклеарна проба.

Хејли на неколку телевизиски интервјуа ја пофали Кина заради обидите да изврши притисок врз Северна Кореја да го запре тестирањето на ракети, при тоа додавајќи дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун е нестабилен и параноичен.

„Нема да направиме ништо освен ако тој не ни даде повод да направиме нешто, како што е напад на американска воена база или употреба на интерконтинентална балистичка ракета“, рече Хејли за американската телевизија NBC.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -