fbpx
24.8 C
Skopje

Амбулантите преполни со деца каснати од комарци – град Скопје вели дека ќе го снима прскањето престојниов викенд

АКТУЕЛНО

 

Градот Скопје за престојниот викенд најави ново прскање против комарци. Авионска дезинсекција против возрасни форми комарци ќе се изврши на 11 и на 12 август – в сабота и недела во раните утрински часови, додека терестична дезинсекција против возрасни форми комарци ќе се изврши од 12 до 16 август  (од недела до четврток) во периодот од 23:00 до 04:00 часот наредниот ден.

Комарците се главна тема на социјалните мрежи, но и ги полнат амбулантите со деца, кои се почувствителни на убоди од комарци. Кај некои од нив отоците се поизразени, инфицирани, па пијат и антибиотици.

За комарците се пошегува и Перо Антиќ, кој во ресторан нарачал два аутана на сметка на Шилегов.

Со камера на воздухопловот и снимка од прскањето, Град Скопје ќе докажува дека прскале против комарци во главниот град. Планирано е да се постави камера и целиот процес да биде снимен.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -