15 C
Skopje

Американска амбасада порача дека пресудата за Панчевски е позитивен чекор напред

АКТУЕЛНО

Се огласи момчето кое Федерер го удрил со тениско топче во лицето: „Јас чекам 14 години извинување, а Новак е дисвалификуван“

Веста која што деновиве ја подигна јавноста на нозе е дисквалификaцијата на Новак Ѓоковиќ од УС Опен. Да ве потсетиме, српскиот ас случајно ја погоди...

Драстичeeн пад во бројката на новозаболени, но дрaaстично помал број и на тестови

Во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 24 Куманово 6, Дебар 4, Штип...

Заев: Оваа година слободни и отворени кон светот ја славиме независноста

Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, нека ни е честит и вековит 8 Септември - Денот на независноста! Пред 29 години, на 8 септември, граѓаните...

Американската амбасада во Скопје денеска преку Твитер порача дека пресудата за поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски е позитивен чекор напред.

-Објавата на Основниот суд во Велес дека поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски, е осуден на три и пол години затвор за злоупотреби на АКМИС е позитивен чекор напред за барање одговорност за оние што се обвинети за поткопување на судската независност, порачаа од Американската амбасада.

Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години и шест месеци затвор. Судијката Валентина Георгиевска, пресудата ја донесе вечерва по завршување на рочиштето кое траше повеќе од десет часа. На обвинетиот Панчевски, во казната ќе му се пресметува и времето поминато во притвор.

Решението целосно со образложение ќе му биде доставено во затворот во Идризово.

Воедно соопшти дека притворот на Панчевски му се укинува со донесување на оваа пресуда.

Обвинетиот Владимир Панчевски во завршниот збор кажа дека јавниот обвинител не бил запознат со целата материја со која го води предметот, бидејќи имало грешка на АКМИС, а јавниот обвинител не го видел тоа. Воедно тој во својот завршен збор истакна дека ова обвинение е политички опструирано и лицемерно, бидејќи се поведува една година по завршување на неговиот мандат во Основниот суд Скопје 1, односно тие го обвинувале дека само тој повредувал права, а не и судиите кои суделе.

Обвинетиот Панчевски, според обвинението поднесено од ОЈО Скопје, се товараше дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, со негов параф и усно давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС-от рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот и кажувал на кој судија да се распредели предметот, со што целосно се изигрувал системот кој требало автоматски да ги распределува предметите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Спасовски најави реконструкција на објекти на МВР заборавени и по 70 години

Министерот за внатрешни работи најави дека реформите во МВР ќе продолжат онаму каде што запреле додека тој бил технички премиер. Реформските процеси во рамките на...

Дарко Панчев за Фокус: Ова е вистината за штедачот со седумте милиони евра во Еуростандард банка

Скопјанец имал заштеда од 7 милиони евра во Еуростандард банка, и се избезумил кога ја слушнал веста дека банката пропаднала, а со тоа и...

Ноле никако да куртули: На мета е на криминлците кои сакаат да заработат користејќи го неговото име

Првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, е злоупотребен од страна на измамници кои со лажно интервју се обидуваат да заработат. На интернет сајтот...

Венко штотуку соопшти: Направени се 1.507 тестирања, од кои се регистрирани 140 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1.507 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-10, Дебар-3, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-12, Струга-7,...

Борисов: Луѓето во Бугарија не чувствуваат дека се во пандемија, полицијата напаѓана со жестокост

Бугарија е единствената земја во која работи се и луѓето не чувствуваат дека се во пандемија. БСП сака избори, но тие не можат да...
- Advertisement -