fbpx
12.8 C
Skopje

Американска подморница пристигна во Јужна Кореја- тензиите се зголемуваат

АКТУЕЛНО

Американска подморница пристигна во Јужна Кореја, само неколку дена по новите тестирања на проектили и нуклеарните проби изведени од страна на Северна Кореја. Вооружената со ракети нуклеарна подморница “Мичиген” ќе се приклучи кон групата воени бродови, предводени од носачот на авиони „Карл Винсен“. Северна Кореја денеска ја одбележува  85-годишнината од создавањето на својата армија. Властите во Пјонгјанг веќе најавија нови тестирања на проектили.
Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемија  во последниве недели, откако САД и Северна Кореја разменија остри реплики.
Подморницата “Мичиген” е вооружена со 154 ракети “Томахоук”, како на неа се наоѓаат 60 борци од специјалните единици. Се очекува подморницата да земе учество во воени вежби со групата воени бродови, предводена од авиони “Карл Винсен” испратена од САД со цел демонстрација на сила пред Северна Кореја.
Пјонгјанг претходно реагираше луто на испраќањето на американските борбени бродови кон Корејскиот полуостров, заканувајќи дека ќе ги потопи американските и ќе изврши “супер моќен превентивен удар” против американската агресија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -