fbpx
6.8 C
Skopje

Американскиот претседател со закани кон ЕУ

АКТУЕЛНО

Ако компаниите од Европската Унија не ги укинат тарифите и трговските бариери кои им ги наметнаа на Американците, САД ќе воведат тарифи во вредност од 20 отсто на увозот на сите автомобили од ЕУ, објави американскиот претседател, Доналд Трамп.

Инаку, од денеска почнаа да се применуваат таксите за увоз на производи од САД во ЕУ, како одговор на одлуката на Трамп да воведе увоз за европскиот челик и алуминиум.

 

Американски производи во вредност од 3,4 милијарди долари ќе бидат подложни на нови такси, а меѓу нив се и бурбон, путер од кикирики, сок од портокал, фармерки и мотоциклите „Харли Дејвидсон“.

САД за две недели ќе почнат со примена и на такси на кинески производи во вредност од 34 милијарди долари. Пекинг најави дека веднаш ќе возврати со сопствени такси на американската соја и на други земјоделски производи.

Извор: Makfax.com.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -