fbpx
21.8 C
Skopje

Аналитичарот со скандалозна изјава: Македонија може да биде нова Република Српска на Балканот

АКТУЕЛНО

Американскиот аналитичар, Јануш Бугајски, смета дека Скопје е новото руско упориште на Балканот како и дека Кремљ очекува дека Македонија ќе биде новата Република Српска.

-Ако биде блокиран македонскиот пат кон западните интеграции, националните тензии ќе растат во целиот регион. Кремљ ќе вложи дополнителна енергија ја ги загрози кревките демократски достигнувања на Западен Балкан, а ЕУ и НАТО се повеќе ќе се одалечуваат – вели американскиот аналитичар за црногорскиот весник „Победа“.

Според него ниската излезност на референдумот во Македонија го доведува во прашање Договорот со Грција, а и отворената врата кон НАТО и ЕУ.

-Ако договорот не биде поддржан земјата ќе биде се повеќе изложена кон етничка радикализација, регионална нестабилност и мешање од страна на Москва. Единствен излез за Заев е повикувањето на предвремени избори во ноември, иако е тоа ризичен предлог бидејќи националистите се сега охрабрени поради бојкотот на референдумот – вели Бугајски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -