fbpx
1 C
Skopje

Анализа: Кој треба да има нуклеарно оружје и зошто?

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Со оглед на нуклеарното лудило на Северна Кореја, кои се правилата, дали се официјални или скриени, кои земји можат да имаат нуклеарно оружје и кои од нив не? Комплицирано е. Во времето на 40-те и 50-те години на ХХ век, кога секој имаше право, првичниот нуклеарен клуб ги вклучуваше само земјите со технолошко know-how, големина и пари за изградба на нуклеарно оружје. Овие реалности покажуваат дека до почетокот на 1960-тите само Обединетото Кралство, Франција, Советскиот Сојуз и САД имале можност да создадат нуклеарна бомба. Членовите на овој мал клуб во тоа време не биле загрижени дека многу други нации ќе направат такво оружје, бидејќи изгледало премногу скапо и тешко изводливо за повеќето. За време на Студената војна Советскиот Сојуз и САД се придржуваат кон непишаното правило, според кое победените непријатели од Втората светска војна – Германија, Италија и Јапонија – не треба да имаат нуклеарно оружје. Без оглед на нивната финансиска и научна способност, сите три поранешни сили на Оската имале премногу историски багаж за да можат да добијат оружје за масовно уништување. Очигледно, овој тивок договор останува. Советскиот Сојуз и САД, исто така неофицијално се согласија за време на Студената војна, дека зависните од нив сојузници, кои имаат способност да станат нуклеарни држави, вклучувајќи ги земјите од Источниот блок, повеќето западноевропски земји, Австралија и Канада, нема да поседуваат такво оружје. Во 70-тите, реалностите се менуваат. Големи и / или технолошки писмени народи како што се Кина (1964), Израел (1967) и Индија (1974) станаа нуклеарни сили. Често таквите земји го прават тоа со помош на прозападните или проруските патрони и спонзори.

Следната рунда на проширување на нуклеарните клубови била далеку неодговорна и поопасна. Проширувањето на „нуклеарниот клуб“ зависело од тоа дали посиромашните и послаби држави би можеле да се вклучат во збогатувањето на ураниум или плутониум. Стана јасно дека некои земји развиваат нуклеарно оружје и беа спречени со превентивни воени напади – како што се Ирак и Сирија. Други, меѓу кои и Јужна Африка, Украина и Либија, беа убедени да ги стопираат своите нуклеарни проекти. Пакистан успеа да ги сокрие своите обиди за креирање на нуклеарна бомба и го  шокираше светот кога тестира „нуклеарка“ во 1998 година. Сепак, се додека Северна Кореја официјално не стана нуклеарна држава во 2006 година, нуклеарниот клуб остана мал (осум земји) и се верува дека е предвидлив. Зошто? Прво, изгледа малку веројатно овие нуклеарни држави кои се релативно транспарентни и демократски (Велика Британија, Франција, Индија, Израел и САД), да започнат нуклеарна војна. Второ, се смета дека понапредните, но автократски нуклеарни држави (Кина и Русија) би изгубиле премногу од својата глобална трговија и национален просперитет, за да започнат нуклеарна војна, од која сите ќе загубат. Трето, секоја нестабилна нуклеарна нација (Пакистан) се претпоставува дека е  држена под контрола од земјата до неа – нуклеарниот ривал (Индија). Нуклеарната моќ на Северна Кореја (и најверојатно наскоро на Иран) поставува нови опасности од типот “повеќе нуклеарни држави, поголема веројатност за нуклеарна војна”. Ниту Северна Кореја ниту Иран не се демократски. Ниту една од тие земји не е стабилна држава.

Ниту пак имаат непосреден нуклеарен ривал за да ги одврати и да ги убеди да не се осмелуваат да го употребат нуклеарното оружје. Двете земји почнаа тајни нуклеарни програми. И двете ги мразат САД и нејзините сојузници. Уште поважно е дека нивните очигледни прекршувања на договорите за неширење на нуклеарното оружје и нивната забележлива агресивност ќе ги натераат нивните релативно моќни регионални соседи – како Египет, Јапонија, Саудиска Арабија, Јужна Кореја и Тајван – да размислуваат за развојот на своите нуклеарни способности. Тогаш клубот може брзо да стане голем. Една разочарана Америка може да почувствува дека Кина и Русија ги охрабруваат земјите како Иран и Северна Кореја да развиваат програми за нуклеарно оружје, бидејќи ракетите на овие земји ќе бидат насочени на запад, а не на исток. Сега САД се наоѓа во парадоксална положба. Тие сакаат да го спречат ширењето на нуклеарното оружје. Но Америка исто така сугерира дека следните нуклеарни сили (за разлика од досегашните) ќе бидат проамерикански – како одмазда кон Кина и Русија, кои им овозможуваат на своите неконтролирани пријатели да развиваат нуклеарни технологии. Обединетите нации и меѓународните организации за нераспространетост на нуклеарно оружје, иако со добри намери, досега се покажаа како импотентни. Но, и покрај хаосот, до 2006 година имаше имплицитни правила за осумчлениот нуклеарен клуб. Сега, по лудите закани на Северна Кореја, овие општи претпоставки за „нуклеарен покер“ веќе се реалност. И никој не знае што да очекува.

Пишува: Виктор Дејвис Хансен- историчар

„Вашингтон пост“

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Дознај: Еве kои возила во Македонија се ослободени од плаќање на патарина

Регулирањето на патниот сообраќај со патарини е предвидено и детално опишано во Законот за јавни патишта. Во неколку членови на овој закон опфатен е...

Девојkата сакаше да направи видео за повеќе лајкови и мислиме дека ѝ успеа

Колегите од „Мотика.мк“ успеаа да не насмеат со ова видео. Како што пишуваат тие, Идејата е видеото да ја направи популарна, можеби не како што...

Фатен е жив: Мажот кој дупчи гуми по Водно е сниман на камера

Повеќе сопственици на патнички возила последниве два месеци пријавиле во полициската станица Центар дека кога ќе станат наутро - откриваат дека гумите на нивните...

Го вртеше моторчето, па кравите го нападнаа: Лудa снимка која ќе ве насмее

Во продолжение видеа што ќе ве насмеат На социјалните мрежи постојано можеме да најдеме видеа со забавна и интересна содржина која ќе не насмее. Ние...

Ново Тикток видео: На наплатната рампа Скопје – Гостивар вади легитимација и минува без проблем (Видео)

Објавувањето на Тикток видеа од ваков тип во последно време е актуелно во нашата држава, па оттука се поставува прашањето - што конкретно ќе...
- Advertisement -