fbpx
14.8 C
Skopje

Анчелоти со првичен список на желби: Интересни комбинации!

АКТУЕЛНО

Карло Анчелоти официјално е нов шеф на екипата од Наполи. Тој веднаш се фрли на работа и состави листа со желби за тоа кои играчи би му требале за наредната сезона. Поради заминувањето на Реина се знае дека првата мета е голманот. Изгледа дека Матија Перин нема да биде во списокот бидејќи тој заминува во Јуве, меѓутоа во игра се три други имиња. Тоа се Алфонсо Ареола од ПСЖ, кој реално е невозможна мисија, преостанатите двајца се Берндт Лено и Руи Патрисио. Лено дефинитивно заминува од Леверкузен, но го сака и Арсенал, а Руи Патрисио се разделува со Спортинг и делува како најреална опција.

 

Кога станува збор за дефанзивци, во игра се два бека и еден стопер. Обновен е интересот за Шиму Враљка од Атлетико Мадрид, веројатно поради причината што репрезентавиецот на Хрватска остави добар впечаток додека играше во Италија, а во секој случај е подобро него во Шпанија. Во игра е Томас Меуниер, белгијанецот кој е во сенка на Даниел Алвес во Париз и не го крие своето незадоволство поради тоа.

 

На листата на желби се наоѓа и Боатенг од Баерн, Анчелоти го тренираше, но треба да се признае дека неговото доаѓање во клубот кај Анчелоти звучи нереално.

На оваа листа се и крилните напаѓачи, сите тројца од Серија А, еден од Фиорентина, друг од Милан и името на Верди од Болоња.

И за крај класичен центрафор. Желбата на Анчелоти е Карим Бензема, со кој имаше успешна соработка додека го водеше Реал Мадрид. Меѓутоа, тој ќе биде тешка мисија бидејќи е љубимец на Флорентино Перез.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -