fbpx
4.8 C
Skopje

Андоновска: Наумовски ја претвори општина Ѓорче Петров во змијарник и ѓубрарник

АКТУЕЛНО

Поставуваме прашање, има ли Ѓорче градоначалник и ако има работи ли тој нешто? Ѓорче стана змијарник и ѓубрарник, а човекот што не работи ништо не само што не го спречува тоа туку не ги ни чисти дивите депонии, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

„Жителите на Ѓорче Петров постојано на социјалните мрежи објавуваат фотографии од неисчистени зелени површини кои се полни со смет, узурпирани јавни површини кои се зафатени од вегетативната природа, змии во дворовите на училиштата и патеките за рекреирање додека пак од друга страна градоначалникот на Ѓорче Петров на фејсбук се фали како ја чистел општината.Нашите деца секојдневно играат, се движат и образуваат на вакви содржини и се изложени на опасност од зарази, болести и бактерии.“

Андоновска го повика градоначалникот Наумовски да започне да си ги извршува своите обврски и да ги исчисти дивите депонии во „Даме Груев“ во пределот кај реката Лепенец, депонијата во атарот на село Орман, во Хром кај паркчето Полјана и Дексион кај месноста Јурија.

Не сакаме Ѓорче Петров да стане еколошка бомба која се дави во ѓубре, не сакаме нашите деца секојдневно да бидат изложени на ризик од епидемии и болести. Господине Наумовски, Ве повикуваме нешто да сработите, порача Андоновска.

Извор: Курир

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -