fbpx
15 C
Skopje

Анета Молика: Не разбирам, во маркетите има гужва, а само кафаните се забранети, дали короната е тука негде во музиката

АКТУЕЛНО

На некој начин на социјалните мрежи им помагавме на нашите фанови полесно да го препродат ова, бевме со лајф емисии од по дома, карантинска музика практикувавме. Музиката нема граници и нема крај и со песна може се полесно да помине. Секоја болка.

Нон стоп се дружевме, нон стоп бевме заедно колегите, сега единствено што беа новогодишните емисии, а сега и тоа го нема. Се е сменето. Буквално се. Еве сега немаме ни турнеи. Не е тоа што беше, за жал.

Можам да кажам дека музиката е дарба. Има нешто што се учи и нешто што не се учи. Господ ми дал дарба да слушнам песна од било кој јазик и да ја изведам без проблем. Така барем кажува публиката, јас сама не можам да се фалам. Песната од Селин Дион ми беше предизвик бидејќи станува збор за друг јазик. Искрено не знам ниту еден збор од песната, знам дека е љубовна и дека може да се свири по свадби, кога е првиот танц на младите. Ако ме излагале, значи сум пеела глупости по свадбите. Сите видеа од Селин Дион ми се отворени на Јутјуб за да видам како изговара.

Анета Молика откри и интересни случувања односно кажа дека кога биле последните снимања на Мерак Меана, зела две леви, една ла7кована, една кожна, и сето тоа од брзање. Јас одам во студио ја викам колешката Тијана и викам чекајте уште малку. Се снајдов некако, имаа резерва моите колешки но ете се издржа.

Треба да има позитивна енергија во нас, што и да ни се случило, еве сме имале и смртни случаеви во ист ден, а вечерта треба да се свири. Никој не го интересира дали ти имаш мака или не. Секогаш треба да си позитивен, но не како сега позитивен на Ковид-19, вели таа низ смеа.

Ние гледаме што побрзо да се заврши ова. Не знаеме ниту како да гледаме, не можеме да правиме планови, мислевме дека ќе се средат работите и дека ќе можеме да почнеме да работиме. Не можеме да снимаме песни, албуми. Жалосно е што се друго функционира, дали короната е тука негде во музиката.

Немаме проблем ако музиката си седи во некој ќош, како што слушаат од радио или ЦД. Не ми е јасно како во маркети има гужва, само маска што се носи на нас, а во кафана е забрането. Стварно не ми е јасно но ете тоа се протоколи кои ете мораме да ги почитуваме и покрај тоа што година и два месеци сме без работа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -