fbpx
5 C
Skopje

Ангелов не поднесува оставка: Вели ЌЕ понуди решенија во наредните месеци

АКТУЕЛНО

Запрепастувачки е фактот што во една општина не може да се најде возило за помош на граѓанин кој е во животозагрозувачка состојба, вели директорот на Центарот за управување со кризи , Стојанче Ангелов, кој по кратовскиот случај најави дека Комисија ќе испитува дали имало пропусти во институцијата со која раководи тој или кај некој друг. Тој вели дека оперативецот на ЦУК барал џип и си ја изработил својата работа и бил фокусиран на пронаоѓање на теренско возило, но признава и дека е факт дека во целиот систем на излекување на лица од тешко пристапни терени има слабости и дел од нив веќе ги детектирале. Ангелов најавува и решенија за тоа во наредните неколку месеци.

Формирана е петчлена комисија која детално ќе го испита случајот со завеаниот овчар во Кратовско и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости кај Центарот за управуавње со кризи или во другите институции. Ќе утврдат каде точно се пропустите и слабостите, за тие да бидат надминати во иднина. Не сакаме и нема да дозволиме во иднина, никогаш наш сограѓанин да се најде во ваква ситуација“, рече Ангелов на прес-конференција.

Оперативецот на ЦУК од Кратово, нагласи Ангелов, бил фокусиран на барањето за наоѓање теренско возило – џип, па дури и трактор со кој би можело да се отиде до местото, и во ниту еден момент од лекарскиот тим што бил на лице место од него не било побарано да обезбеди хеликопер. Доколку, според Анеглов, од оперативецот било побарано да обезбеди хеликоптер, тој тоа барање ќе го проследел до него и за кратко време би бил обезбеден хеликоптер.

„Имаме доволно хеликоптери, кои што би учествувале во една ваква спасувачка мисија. Како директор на ЦУК имам директна комуникација со врховниот командат на Армијата, со претседателот Стево Пендаровски од каде што, од порано ми е посочено дека, доколку ни е потребно во секој момент може да сметаме на хеликоптер. Исто, во постојана комуникација сум и со министерот за одбрана, како и со началникот на Генералштабот на Армијата“, рече Ангелов.

ЦУК, посочи Ангелов, постои да им служи на граѓаните кога им е најтешко и кога нивниот живот е доведен во опасност и нивното здравје е загрозено.

„Оперативецот на ЦУК од Кратово ги презел сите потребни мерки. Откако бил информиран дека во конкретното село се наоѓа човек на кој му се пружа брза помош и истиот е во животно загрозувачка состојба и треба итно да биде извлечен од селото, тој веднаш се јавил во полиција и го известил надлежното лице. За жал, во полицијата немале соодветно теренско возило со кое можеле да стигнат на лице место, но се понудиле да отидат неколку посилни полицајци да помогнат во извлекувањето. Оперативецот, потоа се јавил и во Противпожарната заштита, од каде го добил истиот одговор. Се јавил и во ЈП „Македонски шуми”, потоа и на директорот на ЕВН во Кратово, а на крај се јавил и на директорот на Јавното комунално претпријатие Кратово, од каде најпрво добил надеж дека ќе биде обезбедено такво возило, но тоа не било обезбедено“, појасни Ангелов.

Запрепастувачки е фактот, нагласи тој, дека во цела општина не можело да се најде теренско возило, кое ќе отиде на лице место и ќе помогне во извлекување на животно загрозениот пациент.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -