fbpx
5 C
Skopje

Ангеловска: Финансиската поддршка 14.500 денари по вработен е за задржување на вработените, но и на платите

АКТУЕЛНО

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција ја појасни детално мерката за финансиска поддршка од 14.500 ден по вработен, која како што рече, на фирмите кои се засегнати од корона-кризата ќе им биде ликвидносна инјекција и помош за исплата на плати

Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција ја појасни детално мерката за финансиска поддршка од 14.500 ден по вработен, која како што рече, на фирмите кои се засегнати од корона-кризата ќе им биде ликвидносна инјекција и помош за исплата на плати.

– Мерката може да ја искористат компаниите за да ги задржат тековните плати на вработените кои одат на работа, за да ги подмират целосните или најголем дел од трошоците за исплата на плати на работниците кои поради кризата не се на работа, како и во комбинација на мерките за поддршка за исплата на минимална плата и мерката за субвенција на придонеси за поголема плата, рече Ангеловска, презентирајќи ги и деталите како да се аплицира за мерката.

Таа истакна дека има компании што се обидуваат да се справат со кризата, кои работат, но имаат 30-40-50 отсто пад на приходите и оттука, како што рече, целта со оваа поддршка е да можат да ги задржат работниците и покрај намалениот обем на работа и да можат да ги задржат платите или барем да ги задржат на пристојно ниво со оваа поддршка.

– Така тие ако исплаќаат на пример бруто плата од 30.000 денари, половина ќе може да покријат преку оваа мерка со поддршката која ќе ја искористат. Потоа има компании кои се со нула приход – еве такви се угостителите.. Кои ги земав за пример при појаснување. Тие поради виша сила ги пуштиле работниците дома со 50 отсто плата.. кај нив нето платата изнесува 18.000 до 20.000 ден. Во случај ако тие сега исплаќаат 9.000 ден или 10.000 денари на работниците, со оваа мерка тие ќе ја покријат целата бруто плата ако е нето 9.000 ден, или ако е нето 10.000 ден. ќе треба да покријат тие околу 1.000 денари дополнително. Но што е важно да имаме предвид – оваа мерка може да се комбинира со мерката за „субвенции на придонеси при покачени плати“ – која ја користат 26.000 компании за околу 140.000 вработени, рече Ангеловска.

Министерката посочи дека работниците преку оваа мерка добиваат извесност дека ќе го задржат работното место и по завршувањето на кризата.

– Да, можеби ќе добива надоместок понизок од вообичаениот, зависно во кој сектор работи, зависно од можностите на работодавачот, но од друга страна трошоците му се намалени, голем дел од работниците се дома – не одат на работа или одат со скратено работно време, дел кои имаат кредити нема да ги плаќаат овој период, а кога кризата ќе помине ќе може да се вратат на работното место и да продолжат да заработуваат, рече Ангеловска.

Министерката рече дека мерката е наменетa за секоја фирма која има намалување на приходите од најмалку 30 отсто во април и мај во однос месечниот просек од 2019 или во однос на месечниот просек од основање на компанијата – за регистрираните компании после март 2019 или во однос на сезонскиот просек од последните четири месеци спореден со сезонскиот просек од претходната година – за фирми од специфични сезонски дејности. Понатаму фирмите не требаат да исплаќаат дивиденди, бонуси, годишни награди, награди за деловна успешност за времетраење на мерката и просекот на највисоките нето-плати на 10 отсто од вработените да не надминува 120.000 денари по вработен.

Ангеловска истакна дека мерката може да се користи за сите работници освен за вработените со плата над 39.900 денари, за оние за кои се користи ослободување од плаќање придонеси од проектот „Македонија вработува“ и доколку работодавецот ја користи мерката од првиот сет на економски мерки за субвенционирање на 50 отсто од придонесите, која е алтернатива на оваа мерка.

– Тука ќе напоменам дека во јавноста имаше дилеми кои сакам да ги разјаснам, а исто така направивме и прилагодување на мерката за да има поголем опфат, односно, за мерката може да аплицираат фирми за работници за кои ја користат мерката за субвенција на придонеси за покачување на плата од 600 до 6.000 денари. Понатаму мерката може да ја користат и управители и сопственици на микро и мали претпријатија вработени во нив и дека мерката можат да ја користат без оглeд на искажаниот финансиски резултат за претходната година, рече Ангеловска.

Во однос на начинот за аплицирање Ангеловска рече дека истиот е едноставен и лесен и нема потреба од ангажирање на консултанти и обемни процедури.

– Прво, се пополнува барање за исполнетост на условите до 5-ти во месецот за претходниот месец преку системот е-даноци. Во рок од 3 дена УЈП ја потврдува комплетноста на барањето. Понатаму, следи пополнување на МПИН образецот во полето 3.23 се внесува шифра 619 (ако се користи само оваа мерка) или шифра 621 (ако се користи во исто време и мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите). До 13-ти во месецот работодавачот на својата трансакциска сметка добива исплата на финансиската поддршка. До 15-ти во месецот треба да се исплати платата за претходниот месец, рече Ангеловска.

Ангеловска посочи дека работодавачот кој ја користи мерката треба да го задржи истиот број на вработени до јули 2020 (сметано во однос на месецот за кој добил финансиска поддршка), што е олабавување на условот со измена на уредбата од четири на два месеци. Во врска со искористените средства, работодавачот кој ја користи мерката, ако не оствари добивка за 2020, не ги враќа средствата земени преку мерката на државата. За останатите работодавачи враќањето е лимититирано до износ од 50 отсто од добивката пред оданочување зголемена за оданочивите расходи.

– Со ваквиот лимит, и извесноста на очекуваните финансиски резултати, за голем дел од компаниите ова ќе биде непроватна финансиска поддршка во целост или во одреден дел. Дополнително, во преговори сме со Светска банка за поддршка на оваа мерка односно финансисрање на половина од предвидениот износ за мерката со заем преку СБ. Ова би значело и техничка поддршка од СБ за реализација на мерката. При овие преговори разгледуваме и евенутална можност за олабавување на механизмот за враќање на средствата од страна на компаниите кои ќе остварат добивка по кризата, со воведување на одредени критериуми. Набргу ќе имаме конкретни резултати и ќе известиме и за ова, рече Ангеловска.

Таа посочи дека за сите информации за мерката стои на располагање кол-центарот на Владата, како и Министерството за финансии и УЈП.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Пронашол изгубен новчаник, подоцна добил писмо кое го расплакало

Се враќал од продавница, кога на паркингот до автомобилот забележал туѓ новчаник. Веднаш покажал дека е добар човек, со потегот кој го направил. Џастин Тарел...

Авиooн се срyшил, загинале 520 луѓе, а 35 години подоцна се појавил пак на радарите

Јапонски патнични авион со број JL123 на Japan Airlines се срушил на 12 август 1985 година. И до ден денес според статистиката тој е...

Една од последиците на коронавирусот е опаѓање на косата

Голем број луѓе со коронавирус по закрепнувањето пријавија проблем со опаѓање на косата, а некои познати личности решија да го споделат со јавноста. Една од...

ХАРВАРД ТЕСТ ОД 1869 ГОДИНА: АKО ГО ЗНАЕТЕ ТОЧНИОТ ОДГОВОР, ВИЕ СТЕ НАТПРОСЕЧНО ИНТЕЛИГЕНТНИ

Малку луѓе можат да одговорат правилно на ова прашање. Внимателно прочитајте ја задачата и обидете се да го дадете точниот одговор Универзитетот Харвард е познат...

Лажат штом проговорат: Три хоросkопски знаци кои премногу саkaат да ја извртуваат вистината

Никој не ја кажува вистината во секој момент од животот, на за личностите родени во овие знаци, лажењето е составен дел од денот. Тие...
- Advertisement -