9 C
Skopje

Ангеловска: „Викенд без ДДВ“ корисен за граѓаните и за стопанството

АКТУЕЛНО

И Груевски се прости од Амди Бајрам: Јас сум сведок дека тој беше човек кој помагаше на многу луѓе во тешки времиња

In memoriam Замина Амди Бајрам. Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега. Незаборавен лик во македонската политика со кого имавме одлична...

ВМРО-НП: Георгиевски оствари средба со бугарскиот државен врв

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, со потпретседателот на...

Во однос на можноста за злоупотреба на оваа мерка, министерката истакна дека тоа би било возможно доколку не постоеше технологијата и дека лимитите за повратот на „викенд без ДДВ“ ќе бидат познати откако добро ќе се разработи целиот проект.

Стимулирање на приватната потрошувача кон домашни производи и домашни услуги, предвидува мерката „викенд без ДДВ“ која преку добро контролиран систем може да се спроведе како дополнителен приход на стопанството но и помош за граѓаните.

Министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека оваа мерка може да се спроведе преку веќе активната апликација Мој ДДВ која овозможува да ги скенираме сите сметки, а веќе го имаат инсталирано над 300 илјади корисници.

Тоа значи дека апликацијата овозможува да се постават одредени лимити, колку сметки, во кои сектори, колкав ќе биде повратот, дали ќе биди 100 проценти повратот за одредени производи и сето тоа ќе биде овозможено бидејќи апликацијата функционира, се со цел да се спроведе тој викенд со поголем поврат на ДДВ во насочени сектори кон домашна портрошувачка на домашни производи и услуги, појасни вечерва Ангеловска на Топ тема на Телма.

Во однос на можноста за злоупотреба на оваа мерка, министерката истакна дека тоа би било возможно доколку не постоеше технологијата и дека лимитите за повратот на „викенд без ДДВ“ ќе бидат познати откако добро ќе се разработи целиот проект.

Според членот на ВМРО-ДПМНЕ Трајкои Славески оваа мерка е бесмислена и дека со овој „викенд без ДДВ“ најмногу ќе се помогнат поимотните граѓани, а најмалку ќе им користи на граѓаните кои трошат на добра и услуги каде има или повласетена или нула стапка на ДДВ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Строги мерки: Се воведува полициски час во одредени градови кои претставуваат корона-жариште во соседна Грција

Заради зголеменото ширењето на коpoнa Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат на сила во 6:00 часот денес...

И Груевски се прости од Амди Бајрам: Јас сум сведок дека тој беше човек кој помагаше на многу луѓе во тешки времиња

In memoriam Замина Амди Бајрам. Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега. Незаборавен лик во македонската политика со кого имавме одлична...

И Сашо Мијалков се прости од Амди: Беше легенда 102, 3 %, ќе бидеш долго запаметен на јавната сцена

Драг пријателе, Беше легенда 102,3%, вели Сашо Мијалков по повод смртта на Амбди Бајрам. – Со својата појава и уникатно однесување ке останеш долго запаметен...
- Advertisement -