fbpx
4 C
Skopje

Барале сместување цели 10 часа бидејќи имале домашно милениче куче кое го земале со нив во Охрид

АКТУЕЛНО

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Се огласи пред да замине: Ќе се вратам на некаков начин

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори...

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Оние кои имаат домашно милениче куче, кое сакаат да го понесат со себе на летување во Охрид, добро знаат дека тоа е речиси невозможна мисија во нашиот езерски бисер. Речиси во сите хотели, апартмани, па дури и приватните куќи кои нудат сместување, при самото спомнување на зборот куче, реакцијата е слична, како да си прашал дали може да донесеш слон, пишува Фокус.

Отсечно -Не, тоа е одговорот кој ги остава во неверување љубителите на кучиња.

На страницата на Букинг, каде се рекламираат најголем дел од сместувачките капацитети, речиси секаде е наведено дека миленичињата не се добредојдени. Зошто е тоа така, со оглед што станува збор за кучиња чувани во домашни услови, со стекнати хигиенски навики, повеќето хотелиери дури и немаат некој прецизен одговор.

Дел од екипата на ,,Фокус“ деновиве на самото место се увери во фобијата од кучиња на која наидовме во Охрид. На претходно направена резервација на апартман, при самиот влез, сопственикот веднаш се изјасни – Штом сте со куче, нема да може. Неважно дали се работи за мала раса, со едвај три килограми, во моите апартмани никогаш ниту влегло, ниту пак ќе влезе куче или било какво животно! Чисто така, од принцип – беше неговиот одговор кој не остави во неверување.

И низа на други хотели, па дури и оние со повеќе ѕвезди се изјаснија дека не примаат гости со кучиња, без оглед на тоа што се работи за животни кои се приврзани за своите сопственици и одлично се прилагодени за живот во домашни услови.

Да се најде хотел во Охрид, каде може да се престојува со миленикот, е еден вид на предизвик за кој е потребно време и секако нерви за појаснување дека домашните миленици во многу случаи се однесуваат дури и подобро од повеќето гости кои неретко знаат да направат врева и неред.

Сепак, во познатата туристичка дестинација, иако се вистинска реткост, постојат и сопственици на хотели кои немаат проблем доколку нивните гости со себе носат куче. Во хотелот Дипломат, на неколку минути од центарот на градот, покрај наши туристи кои на летување го понеле своето куче, затекнавме и брачен пар од Лондон, Англија. Тие со себе го носеа своето милениче, кучка стара 11 години, од која велат дека никогаш не се разделувале и ја носеле со себе на сите патувања низ Европа.

Верувајте ни дека повеќе од 10 часа баравме сместување во Охрид. Никаде не не примаат со куче, нешто кое за нас е несфатливо. На прашањето зошто, добиваме нејасни одговори. Вакво нешто ни се случи само еднаш во Албанија, никаде на друго место во светот! Во Франција, Англија, Турција, секаде каде сме отишле, нашето куче кое е доста мирно по природа, било добредојдено. За среќа, веќе беше доцна во ноќта, наидовме на хотелот Дипломат, каде љубезно не примија.

Повеќе на Фокус на следниот линк.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Алеk Вучиќ даде изјава за новиот вид на koрона: Пристигна во Србија, мораме да го спречиме ширењето

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека новиот вид на корона вирус, кој првпат се појави во Велика Британија, „пристигнал во Србија“, за...

Kомпанија гарантира деkа со нивните гуми ќе поминете 130.000 километри

Финската компанија Нокиан, која е позната по зимските гуми гарантира дека со новите гуми под името „One“ ќе поминете 130.000 километри. Станува збор за универзални...

Амбасадорката Брнс: Разочарани сме од ветото на Бугарија, Северна Македонија беше подготвена

Разочарани сме од ветото на Бугарија од повеќе причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го започне процесот на отворање...

Снимka: Возел со 290 km на час Тетово-Гостивар и се фалел на ТиkТok

На социјалната мрежа Тик-ток објавено е видео снимено на автопатот Тетово-Гостивар, како млад возач вози автомобил со 290 км на час. Ммладиот возач, објави неколку...

Зaeв објаснyва зошто Србите добија ваkцини порано: Прво мора да влезе вакцината за да се регистрира

Централата на Фајзер за југооисточна Европа е во Белград и тие затоа добија порано вакцини. Ние сме во координација со нив, тие имаат на...
- Advertisement -