fbpx
6.8 C
Skopje

Антиќ си оди од Фенербахче, потпишува со „својата“ Црвена Звезда?!

АКТУЕЛНО

Македонскиот кошаркарски интернационалец Перо Антиќ најверојатно ќе го напушти Истанбул и Фенербахче, а не е исклучена можноста повторно да го облече дресот на Црвена Звезда.

Антиќ на крајот од јули ќе наполни 35 години и повеќе не е во плановите на Жељко Обрадовиќ, па тешко за очекување е дека ќе го продолжи договорот со турксиот гигант.

„Би било одлично на крајот од кариерата да ја освојам Евролигата со тимот на Црвена Звезда“, порача уште во 2015. година Антиќ.

Антиќ во својата кариера во периодот од 2005. до 2007. година го носеше дресот на Црвена Звезда, додека со Олимпијакос во сезоните 2012. и 2013. година ја освојуваше Евролигата. Воедно тој беше и прв Македонец кој заиграл во НБА лигата во тимот на Атланта Хокс.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -