fbpx
12.8 C
Skopje

Апатурај: Членството на Црна Гора во НАТО ќе испрати силна порака до оние земји кои сакаат да се придружат кон Алијансата

АКТУЕЛНО

„Скорешното членство на Црна Гора во НАТО ќе испрати силна порака до другите земји заинтересирани за придружување кон Алијансата дека напорната работа, реформите, промовирањето демократија, борбата против корупција се исплатуваат“, изјави помошникот генерален секретар на НАТО Џејмс Апатурај.

Тој истакна дека сојузниците силно веруваат оти еден од најголемите придонеси кои Алијансата може да ги пружи за европската безбедност е држење на отворени врати за земјите кои споделуваат заеднички вредности со државите-сојузници.

„Затоа сојузниците се многу задоволни од тоа што Црна Гора многу брзо ќе се придружи кон Алијансата“, истакна Апатурај за Телевизија Црна Гора.

Тој порача дека тоа ќе го направи семејството на НАТО посилно и малку поголемо и ќе помогне во промовирањето меѓународен мир и безбедност.

Апатурај потенцира дека НАТО не е организација во која луѓето можат да добијат „бесплатно возење“.

„Црна Гора никогаш не била таква. Дури и како партнер даваше придонес и надвор од своите граници, а во рамките на своите можности. Се радуваме на продолжување на праксата и кога Црна Гора ќе стане полноправна членка на НАТО.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -