fbpx
18.7 C
Skopje

Апел за помош на семејство од Куманово

АКТУЕЛНО

Ова е петчленото семејство кое живееше во подрумот од напуштената куќа во Хром во Скопје. Но поради рушење и градење на нов објект од страна на инвеститор, мораа да се вратат во родното Куманово во старата куќа која од работ на времето е во катастрофална ситуација.

Се работи за семејство од четворица возрасни луѓе (брат и 3 сестри) и нивната мајка, сите се болни од различни болести и не се работоспособни. Ова семејство живее на отворено, под стариот и дотраан кров, кој една третина веќе е паднат и покрај старите ѕидови кои од сите страни се разрушени.Секој момент објектот може да се урне врз нивните глави и да ги поклопи. Од нивното враќање назад во Куманово, на ова семејство повремено им се помага во храна, постелнина и останато од здруженија и поединци од Скопје и Куманово. Уште првата седмица од нивниот престој Вистински дела на Љубезност им донираа шатори и постелнина за да можат да се тргнат настрана од стариот објект како привремено решение. Поради доаѓање во ситуација да немаат храна, биле приморани да ги продадат истите и повторно се скрасиле под стариот и дотраан објект. При нивната посета им донеле душеци, постелнина, храна, хигиенски средства.

Во моментов потребни се градежни зафати за изградба на нов дом за ова семејство. Не се во добра здраствена и финансиска состојба за да можат самите да го организираат сето тоа, затоа ги повикуваме градежните фирми, локалната самоуправа, а и останатите добронамерни луѓе за да помогнат во оваа ситуација.

 

Сите кои сакаат да помогнат да ја контактираат групата Вистински Дела На Љубезност

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -