fbpx
6.8 C
Skopje

Апелацискиот суд го отфрли барањето на одбраната на Груевски за одложување на седницата за разгледување на жалбата

АКТУЕЛНО

Судечкиот совет во Апелацискиот суд не го прифати барањето на одбраната за одложување на седницата за разгледување на жалбата на Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“. Според Советот, барањето на адвокатите не претставува основ за одлагање на седницата.

Претходно од Судечкиот совет беше побарано одложување на расправата бидејќи адвокатите на Груевски требало да присуствуваат и на рочишта во Кривичниот суд во кои Груевски се товари за други кривични дела.

По одбивањето на барањето за одложување, адвокатите на Груевски побараа изземање на Судечкиот совет. Следуваше пауза од половина час, за да може претседателката на Советот да го разгледа барањето.

ИЗВОР: Алсат

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -