fbpx
19 C
Skopje

Апокалипсата чука на вратата! Северна Кореја официјално објави: Ако има војна, САД ќе бидат „избришани од лицето на Земјата“

АКТУЕЛНО

Севернокорејски официјален веб сајт предупреди САД дека ќе бидат “избришани од лицето на Земјата”, ако започнат војна на полуостровот.

Во саботата американскиот потпретседател Мајк Пенс соопшти дека американскиот носач на авиони „Карл Винсон“ и неговите воени бродови за неколку дена ќе пристигнат во Јапонското море, во момент кога активно се слушаат гласини дека Пјонгјанг ќе изврши шест нуклеарни проби.

Севернокорејскиот вебсајт „Уримнзокири“ објави заканувачки текст, за кој се тврди дека е напишан од офицер во севернокорејската армија. Во него се вели дека испраќањето на авиони од страна на САД е објавување на војна.

Тексот предупредува дека САД ќе си дозволи „огромна грешка“ ако мисли дека Северна Кореја е Сирија, која не превзела „итен контра – напад“ откако американците имаа ракетен напад врз Сирија на почетокот на месецот.

Во случај на напад, вели сајтот „светот ќе види како атомските носачи на авиони на Вашингтон се претвораат во куп железо и како истите ќе бидат потопени“ и како една земја која се вика Америка, ќе биде избришана од лицето на земјата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -