fbpx
8 C
Skopje

Архимандрит Партениј добитник на награда за трајни вредности

АКТУЕЛНО

Царовска : Штипјани треба да бидат горди што имаат можност да го изберат Сашко Николов за градоначалник

Штипјани треба да бидат горди што имаат ваков сограѓанин од една страна , но уште поважно што може да го изберат за градоначалник. Тој...

Богоjeски со жестока порака до Милошоски и Апасиев:Македонците и Албанците имаме слична историја и исти маки сме препатиле

Обидот на типчиња како Антоњо и Апашиненко да направат меѓуетнички судири во Македонија со приказната за “шиптарот Османи кој ги продава македонскиот идентитет и...

Николов: Социјална правичност и еднаквост за сите штипјани

ПРВА ЛИНИЈА Home ИЗБОРИ Николов: Социјална правичност и еднаквост за сите штипјани December 1, 2020 13:10 Како иден градоначалник се обврзувам дека ќе продолжам да работам...

Бочварски: Државата ќе стане сериозен играч во однос на пазарот на гас

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека гасификацијата е еден од приоритетите на Владата и оти кракот кој поминува низ од Куманово,...

Вчера, на споменот на Светиот Свештеномаченик Харалампиј и во навечерието на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, во подоцните вечерни часови, големата сала на угостителското претпријатие „Вавилон“ во Битола, со над осумстотини гости во неа, беше сведок на тоа како великодушните битолчани знаат да го ценат и наградуваат доброто, возвишеното, достојното. Имено, во организација на „Битолски весник“ и неговиот сопственик и главен уредник, доајенот на македонското новинарство г. Менде Младеновски, во свечена и благородна атмосфера, по деветнаесетти пат беа доделени признанија и награди за најуспешни битолчани или луѓе што дале значителен придонес за конзулскиот град, од областа на речиси сите општествени сфери: духовноста, културата, уметноста, спортот, политиката, новинарството, модата, стопанството, економијата, занаетчиството…

Притоа, највисоката и досега единствена од таков вид награда, воведена посебно  за оваа прилика – наградата за трајни вредности, редакцијата на „Битолски весник“ му ја додели на бигорскиот старец и игумен, Архимандрит Партениј. Наградата на нашиот отец му ја врачи лично уредникот г. Менде Младеновски, кој ја имаше честа да ја прослави 55-годишнината од излегувањето на првиот број на весникот. Во официјалното образложение за доделувањето на оваа уникатна и високо достоинствена награда на Архимандрит Партениј, што беше прочитано за самиот крај од официјалниот дел на свеченоста, меѓу другото, стои:

„Македонското древно светилиште Свети Јован Крстител – Бигорски манастир, стожерот на македонската духовност, бисерот на мијачката архитектура, на импозантниот иконостас во манастирската црква, има долга историја и монашка традиција. За две години, во 2020 г., Манастирот ќе го прослави својот голем јубилеј – 1.000 години од основањето, навистина редок настан за нашата Татковина Македонија, за општежителното словенско монаштво, како и за Православието воопшто.

По Божја Промисла, пред околу 23 години, некаде кон крајот на месец јули 1995 година, младото момче од Битола, тогаш 24 годишниот Зоран Фидановски, идниот о. Партениј, по неколку години минати во светогорскиот манастир Григоријат, со благослов на надлежниот Дебарско-кичевски владика, Митрополитот г. Тимотеј, ја започна својата благородната и особено макотрпна мисија за обнова и продолжување на вековната духовна традиција во ова македонско православно светилиште. Оваа духовна обнова беше повеќе од потребна зашто по упокојувањето на последниот монах и игумен Спиридон во 1948 година, монашкиот живот во Бигорски беше сосема згаснал, свети богослужби одамна немаше. Кога отец Партениј го пречекори манастирскиот праг, во него сите траги од монашкиот живот беа веќе избришани. Храмот на Претечата нечист, Долни палат руиниран, Горни палат во распаѓање, немаше ни електрична енергија, ни водоводна мрежа, ниту некакви основни услови за живот. Духовноста беше целосно замрена.

Голема и тешка беше задачата што тогаш беше поставена пред младиот но трудољубив архимандрит Партениј, новиот игумен на Бигорскиот манастир, и бројни се неговите дела, но во оваа прилика ќе споменеме само дел од она што тој, заедно со своите монаси и монахињите, создадоа за изминативе 23 години. Така, во самото Бигорско светилиште запуштениот манастирски храм беше целосно очистен, реставриран и благолепно украсен; потоа на старите основи што го преживеаја пожарот од 1912 година автентично беше возобновен и надграден Долни палат; а после пожарот од 2009 г целосно беше возобновен Горни палат и од темели подигнат новиот, претходно непостоечки Источен палат. Во поглед на метосите, пак, најпрвин во 2001 година беа изградени манастирските конаци во манастирот ’Св. Георгиј Победоносец‘, во дебарското село Рајчица, така што овој бигорски метох, од штала за животни, стана бисер на современата македонска архитектура; во 2012 година долнореканското село Ростуше се закити со еден прекрасно архитектонско здание – храмот на Пресвета Богородица; во тек е и изградбата на бигорскиот скит ’Свети Кирил и Методиј‘ во селото Битуше, – каде што игуменот Партениј предвидел посоодветно место за летните кампови за веронаука за најмладите, што веќе неколку години наназад се одржуваат во Бигорски и Рајчица. А што се однесува до неговата неуморна грижа да го заживее овој крај, пред повеќе од една година, на самиот регионален пат под Бигорски, започна да работи ресторанот ’Куќа на Мијаците‘, исклучителна етно-градба, би рекле и споменик на мијачката култура од овој живописен и културно –историски многу значаен предел.

Би можеле уште долго да зборуваме за заслугите на архимандрит Партениј во поглед на материјалната возобнова и доизградба на Бигорското светилиште, но неспоредливо позначајна од бројните градежни потфати е неговата духовна и општествена мисија, спроведувана со несмален интензитет во текот на изминатите две децении. Знаејќи дека духовната обнова на секој Манастир започнува, пред сè, со обновата на литургискиот живот, уште од самиот почеток о. Партениј се погрижи во Бигорски да го воведе редовниот православен богослужбен циклус… Сето тоа придонесе светилиштето да стане духовно прибежиште за верниот народ, при што големиот број новооцрковени верници, заедно со возобновеното општежително монаштво, станаа дел од духовната преродба што ја зафати и целата наша Татковина.

Како искусен и добро образован духовен раководител, отец Партениј со својата крајна несебичност и пожртвуваност за другите и за Татковината, има примено под своја закрила илјадници души од Македонија и пошироко, помагајќи им да најдат утеха, спокој и решение на животните проблеми во ова наше совремие на голема духовна криза и општ пад на моралните вредности. Притоа, неговата поткрепа не е само од духовен карактер. Напротив, нашироко е позната неговата хуманитарна дејност на укажување материјална и финансиска помош на оние на кои таа им е најпотребна, како на поединци така и на цели семејства. Особено е значајна мисијата на Архимандрит Партениј за лекување и ресоцијализација на лица, претежно од помладите генерации, кои западнале во тешките пороци на наркоманијата, алкохолизмот, коцкањето и сл. Стотици и стотици млади души, под духовната закрила на отец Партениј, не само што успеале да се ослободат од канџите на пропаста и смртта, туку и целосно да се рехабилитираат и така да станат полезни членови на нашето општество…

Како човек на мирот и на љубовта кон сите луѓе, без разлика на нивната верска, етничка и расна припадност, Архимандрит Партениј ги издигна Бигорскиот манастир и манастирот во Рајчица во вистински центри на соживот во Мијачко-реканскиот крај од нашата земја. Со својот филантропски однос кон сите, тој успеа да го направи Бигорскиот манастир силен фактор на безбедноста, стабилноста и соживотот во тој крај, така што ова светилиште стана вистинска духовна оаза и културна знаменитост не само за православните верници, туку и за Македонците со мухамеданска вероисповед и за етничките Албанци од Македонија, кои имаат голем респект кон манастирот и кон неговиот игумен…

Почитувани, сето ова досега кажано, сметаме дека беше повеќе од доволен повод, за редакцијата на ’Битолски весник‘, највисокото признание за 2017 година – признанието за трајни вредности, да му го додели на бигорскиот старец и игумен, Архимандрит Партениј“.

По врачувањето на наградата, отец Партениј се обрати кон присутните со кратко поздравно слово:

„Почитувана градоначалничке на град Битола, г-ѓа Наташа Петровска,

Почитувана редакција на ’Битолски весник‘, на чело со неуморниот г-дин Менде Петковски,

Почитувани присутни и драги мои битолчани,

Ви благодарам на сите вас што вечерва ме опсипавте со таква голема љубов! Како што кажа пред малку водителката, со моите браќа денес, да бидам искрен, направивме навистина една, би рекол голема отстапка со тоа што дојдовме тука, бидејќи, како што знаете, во тек е првата седмица од Великиот и чесен пост, а ние монасите не практикуваме да излегуваме од манастир во овој период, а особено не во првите дена на постот. Меѓутоа, поради големата чест и упорноста со која ме покани Менде, се потрудив љубезно да одговорам на неговиот повик, за да не ја повредам неговата љубов. Тој уште во месец јули беше кај мене во Манастир, заедно со мојот пријател новинарот Киро Кипроски, и ми соопштија дека редакцијата на ’Битолски весник‘ сака да ми додели награда за трајни вредности. Кога ми кажаа дека манифестацијата ќе се одржи на 23 февруари,  видовме во црковното календарче дека тој датум  се паѓа во првата недела од Великата Четириесетница. Тогаш им реков дека тешко би можел да дојдам, бидејќи не излегуваме од манастир во првата недела од Постот. Но, пред некој месец, тие дојдоа повторно и, како што Менде знае во свој стил, со упорност и умешност, во текот на разговорот сфатив дека веќе ме убедил да дојдам во Битола. Тогаш му кажав: ’Сега знам зошто Битолски весник ги надмина сите општествени и финансиски искушенија и притисоци и остана едно прекрасно, омилено гласило на битолчани‘. Меѓу другото, тој битолски гласник редовно доаѓа и во нашиот Манастир.

Би сакал да кажам нешто и за наградата, којашто ми побудува особено силни емоции. Всушност и самиот нејзин назив, можам слободно да речам, е свештен – трајни вредности. Во апсолутна смисла единствено Бог е Оној Кој е вечно траен. Јас сум само еден смирен и верен Негов слуга, којшто преку подвигот на љубовта се труди да го оприсутни Божјото постоење меѓу луѓето – најнапред во моето срце, а потоа и меѓу другите. А тоа, верувајте, најдобро бива преку љубовта, бидејќи, како што вели Свети Јован Богослов, Бог е љубов (1. Јован 4,8). Апостолот Павле, пак, говори дека пророштва ќе престанат, јазиците ќе замолкнат, знаењата ќе исчезнат, а само љубовта е таа што ќе трае вечно (сп. 1. Кор. 13,8)Мисијата што се трудиме да ја правиме во Манастирот со моите браќа е токму тоа – дело на љубовта кон Бога и кон ближниот.

Оваа награда ја посветувам на една голема наша трајна вредност, за која сите од оваа наша македонска земја треба да се гордееме, а тоа е славната Охридска архиепископија, возобновена во лицето на Македонската православна црква. Охридската архиепископија оваа година го слави своето илјадалетие. Ретко кој народ може да се пофали со еден таков јубилеј. Впрочем, и нашата Обител, која беше основана од монахот Јован Дебранин, првиот Архиепископ Охридски после паѓањето на Самуиловото царство и втемелувач на Архиепископијата, за две години, по Божјата милост, ја слави, исто така, својата илјадагодишнина, и по тој повод уште сега ве поканувам сите битолчани да бидеме заедно на тој голем јубилеј.

Им се заблагодарувам уште еднаш на сите граѓани на Битола, кои ме опсипуваат со љубов, и особено на Менде Младеновски и ’Битолски  весник‘, на кого воедно му го честитам 55-годишниот јубилеј и му посакувам уште многу плодотворни години!“

Силниот аплауз што следеше потоа посведочи дека благодарна Битола му оддаде достојна чест на својот сограѓанин.

Претходно, меѓу добитниците на признанија и награди, се вброија неколку десетици познати имиња од битолската и македонската јавност, меѓу кои: градежникот Ванчо Чифлиганец, којшто во своето поздравно обраќање изрази особено задоволство за присуството на Архимандрит Партениј на вчерашниот собир; бизнисменот Трифун Костовски, којшто, исто така, во говорот при земањето на наградата со посебни чувства го поздрави нашиот старец и неколку пати го искажа значењето на Бигорскиот манастир, говорејќи дека „отец Партениј го направи Бигорски вистинско чудо не само во Македонија, туку и во целата православна екумена“; градоначалничката на Битола г-ѓа Наташа Петровска, којашто го предостави своето признание од областа на политика на граѓаните на Битола; насекаде познатиот дует – тромбонистот Кирил Рибарски и пијанистката Милица Шперовиќ – Рибарски; уметникот Панде Петровски, новинарот Зоран Мишевски, кларинетистот Исмаил Лимановски; амбасадорот на Франција во Р. Македонија, Н.Е. Кристиан Тимоние доби благодарница, а наградата за живот дело му припадна на нашиот познат научник-уролог академик Живко Попов, кој лично му искажа благодарност и поддршка на старецот за целокупната мисија на братството…

Братството на Свештената Бигорска Обител им честита на редакцијата и уредникот на „Битолски весник“, г. Менде Младеновски, како и на сите добитници на признанија и награди, посакувајќи им и понатамошно благоуспевање и богоугодно надоградување.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Звучи како виц, но не е: Маж испешачил 400 километри за да ја разбистри главата по кавгата со жена му

Мажот бил запрен од полицијата рано во понеделникот во близина на Фано во централна Италија. Тој беше уморен и премрзнат, изјави полицаецот Антонио Скванци. Тој на...

Најново: Кафеаните, кафулињата, трговските центри ќе затвораат во 17 часот – соседна Србија со најнови мерки

Српската Влада денеска треба да усвои нови мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, предложени од Кризниот штаб. Една од мерките ќе биде угостителските...

ТАЖНА ВЕСТ од Скопје: Пријавено безживотно тело на Бит Пазар на момче кое имало само 27 години

На 01.12.2020 во 05.25 часот било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат М.Ш.(27) од Скопје. Од страна на лекар од Итна...

Панталони исечени како танга: Карлеуша во многу провокативно издание (Фото)

Кога надворешната температура е само 5 степени српската пејачка Јелена Kарлеуша е во секси стајлинг, панталони исечени како танга, халтери, долна облека исто како...

Штотуку објави: Јоци распали по Апасиев – мизеријо, како не ти е срам?

Истите лекари и сестри, на кои #факфејс Апасиев и Крмов, им блокираат со вмровци работа на Собрание и носење Буџет, со 3.000 амандмани,...
- Advertisement -