fbpx
-4 C
Skopje

Арсовски: Со тендерот вреден над 13.700.000 евра, Филипче сака да воведе монопол на стерилизацијата во здравството

АКТУЕЛНО

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

СДСМ и функционерите застануваат зад премиерот Зоран Заев: Бранко е историја

Искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ. Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи,...

Убава информација Државата од денеска започна со исплата до 11.000 денари за пензионерите

УБАВА ВЕСТ УТРОВО: Државата од денеска почна да исплаќа до 11.000 денари за сите пензионери Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите за...

Заев: Нам ни треба историја која гради мост на пријателство

Дозволете најпрво да изразам жалење што моето интервју за бугарскиот медиум предизвика толку силни негативни емоции, за кои сум целосно свесен и кои ги...

Бледиот настап на Венко Филипче на вчерашното негово гостување на еден национален медиум и повеќе од доволно покажува дека тој и самиот нема идеја што сака да постигне со тендерот за стерилизација, освен да воведе монопол на стерилизацијата во здравството. И нормално парите на граѓаните да завршат во нечиј џеб, идните 15 години. Тендерот вреден над 13.700.000 евра уште во првиот момент е сомнителен за јавноста и тие нејаснотии мора да бидат расчистени, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Венко Филипче како доктор со искуство треба да е свесен дека околу ваквиот начин на стерилизација се поставуваат неколку односно многу важни прашања на кои Министерството треба да одговори пред воопшто да го започне овој процес, кој секако ќе биде на штета на пациентите, на здравствените работници и нормално на буџетот на државата, односно парите на граѓаните. Венко Филипче да одговори ако се централизира и регионализира службата, што ќе се случи со вработените кои веќе работат во постоечките служби за стерилизација дали ќе бидат дислоцирани или ќе влезат во составот на некоја регионална служба за стерилизација, и кој им гарантира дека тие воопшто ќе останат да работат на истото работно место? Што ќе се случи со постојните вработени здравствени работници и помошен персонал? Дали ќе останат на своите работни места или ќе има отпуштања и преместување на работници од една во друга институција, односно од еден во друг град, каде што ќе биде регионалниот центар?, запраша Арсовски и додаде:

„Тендерот по овој терк е планиран да воспостави монопол во наредните 15 години за стерилизација на клиниките. Дали се свесни Венко Филипче и СДСМ дека со овој принцип на централизирано стерилизирање постои можност да се доведе до прашање здравјето на граѓаните, кое е најважно во овој здравствен систем? Планирано е целата опрема што ќе се стелизира да се превезува до клиниките и болниците со возила и оттука нормално постои можност дополнително да има инфицирање и бактерии на инструментите“.

Експертите, подвлекува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, коментираат дека на овој начин неколкукратно односно до 5 пати ќе се зголеми цената на стерилизацијата, сето тоа ќе падне на товарот на граѓаните, а услугата нормално нема да е ништо повеќе од сега, односно ќе биде само полоша.

-Така да уште еднаш апелираме Венко Филипче да се преиспита и да го повлече тендерот и веднаш потоа да си поднесе оставка, и да ги спаси граѓаните од неговите погрешни политики во здравството.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Писмo од Тито: Потврдувaaдека Бугарија учествувала во ослободувањето на Македонија

Во текст објавен на 360 степени се пренесуваат дел од писмата на Јосип Броз Тито кои тој во 1944 година ги испраќал до неговите...

Васко Ефтов: Заев успеа да се справи и со Црвенковски и со Груевски, Бранко тоа не може да го поднесе

Еден од најискусните македонски новинари Васко Ефтов во сојата најнова емисија вели дека луѓето на Бранко Црвенковски, а веројатно и самиот тој работат за...

Од СДСМ се огласија за протестот: Едвај 200 луѓе го поддржаа Мицкоски

Целосно издиша хистеријата заснована на лаги и невистини што ја ширеше антиевропското ДПМНЕ. Едвај 200 членови го поддржаа губитникот Мицкоски. Граѓаните покажаа дека сакаат...

Николовски: Граѓаните ќе добијат целосно обновена патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со Бугарија и Албанија,

Модернизацијата на паневропскиот Коридор е од исклучително значење за регионалното поврзување и соработка, како и за развој на домашната економија. Патниот правец Крива Паланка...

Пајка: Најлогично решение за претседател на ВМРО-ДПМНЕ е Бранко Црвенковски

По замрзнувањето на членството на Бранко Црвенкоски во СДСМ и големите турбуленции во ДПМНЕ најлогично решение за претседател на ДПМНЕ ВАЉЕВО е токму...
- Advertisement -