fbpx
13.8 C
Skopje

Арсовски: Владата потврди дека му доделила 30 годишна концесија на „Тотал Инжинеринг“, фирмата на Вице Заев

АКТУЕЛНО

Владата потврди дека му доделила 30 годишна концесија на „Тотал Инжинеринг“, фирмата на Вице Заев кој е инаку брат на премиерот Зоран Заев, обвинува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова значи дека Зоран му доделил бизнис на Вице Заев за експлотација на минерални суровини на локација во Село Дукатино, општина Василево. Ова е уште еден случај кога Зоран Заев му дава милионски бизнис на Заев. Зоран Заев ја продолжува праксата која ја почна во општина Струмица на секој начин да им обезбеди на неговите семејни фирми да ја шират бизнис империјата како метастази на канцер во целата државна економија. Тој продолжува да се однесува како комерцијалист на семејните фирми. Впрочем тоа е неговиот сон. Но и покрај тоа што Зоран Заев, државата и позицијата премиер, ги гледа од аспект на неговото семејно богатење, има уште еден важен момент кој е уште повеќе скандалозен од претходниот. Зоран Заев и Вице Заев се обидуваат да премолчат и не дадоа одговор зошто си доделиле сами на себе концесија за експлоатација на минерални суровини, ако ја продале механизацијата неколку месеци претходно која што ја поседувала фирмата „Тотал Инжинеринг“? Како ќе вршат експлоатација и ископ во наредните 30 години ако немаат механизација, прашува тој.

Арсовски порачува дека Зоран Заев без срам ја лаже целокупната јавност и граѓаните.

-Пред само неколку дена Заев бесрамно зборуваше дека неговата семејна фирма „Тотал Инжинеринг“ ги продала камионите и механизацијата и не учествува во скандалозниот бизнис со ископ и транспорт на јаглен во РЕК Битола. Сега гледаме дека не само што не ги продале туку и широкоградо добиле бизнис директно од владата предводена од Зоран Заев.     Зоран Заев не е премиер на Република Македонија, тој е само комерцијалист на семејниот картел и има задача да овозможи што е можно поголемо богатење на своите фирми, барем додека трае оваа фаза од неговиот живот како премиер на Република Македонија. Кога се работи за комерцијалистот Заев се е на продажба и се е само добар бизнис за лично и семејно богатење на неговите фирми. Ова мора да запре. Ова мора да го спречиме, бидејќи Македонија и овој народ заслужуваат подобро. Овој криминален картел мора да се разбие и да падне, а сите сомнителни скандали да бидат предмет на јавното обвинителство и надлежните институции, порачува партискиот портпарол.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -