Ќе правел голф терени од 2.5 милиона евра во Лисиче кај нас. Он од што е неспособен не може да поправи Голф 2ка во општина за 100€, а не па голф терени. Мајко мила, Господ на помош на лисичани
Во руралниот дел на Општина Аеродром односно во селото Лисиче ќе се прават голф терени како дел од проектот „Аеродром прва општина со европско знаменце“. Терените ќе се протегаат на површина од 15 хектари, а за нивна изградба и ставање во функција потребни се 2,5 милиони евра.
Од Општина Аеродром најавуваат дека овој проект би се реализирал за две години, односно во 2023 Скопје и земјава за прв пат ќе добијат голф комплекс, што било долгогодишно барање на голф федерацијата.
„Успеавме да пронајдеме соодветен простор односно земјиште кое досега се користело како дива депонија. Овој простор е соодветен за вакви терени. Просторот ќе го зазелениме, нема да има шанси во иднина да прерасне во градежна парцела за објекти, а воедно и ќе го уредиме и ќе го развиеме овој спорт“, вели Александар Георгиевски, шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин.
Дел од средствата за овој проект како што објаснува Георгиевски ќе се обезбедат преку Европската унија преку грант за рурален туризам, а другиот дел ќе го бараат од домашни компании.